Животни принципи според кои се водат припадниците на знакот Лав

Лавовите дефинитивно се социјален тип на личности кои обожаваат да се дружат, но само со одредена група на луѓе.

20-zhivotni-principi-spored-koi-se-vodat-pripadnicite-na-znakot-lav-01.jpg

Бројот на пријатели кои ги сметаат за блиски е едноцифрен и најчесто може да се преброи на една рака, но и покрај тоа се великодушни и ги радува и среќата на другите.

Нив е многу лесно да ги повредите, особено затоа што се работи за горделиви личности. Најлошото следи потоа, кога воопшто не се спремни, ниту пак размислуваат некогаш да простат.

Ова се 20 животни принципи кои ќе ги препознаете кај себе или кај својот пријател Лав:

1. Не е лесно да запознаете Лав. Тие внимателно бираат со кого го поминуваат времето.

2. Она што мразат да го слушаат е реченицата: „Дај ми јас да го решам ова.“ Ако некој знае нешто да реши, тоа се тие.

3. Имаат само неколку луѓе кои ги сметаат за реално блиски. Другите сите се само познаници и случајни минувачи.

20-zhivotni-principi-spored-koi-se-vodat-pripadnicite-na-znakot-lav-02.jpg

4. Не сакаат присилни разговори, врски и пријателства. Ако не ве чувствуваат како складни на себе, веројатно нема да ви прозборат веќе никогаш.

5. Не се плашат од неуспехот, бидејќи знаат дека тој е скалило до успехот.

6. Не сакаат да ги разочаруваат другите, па често се согласуваат и на нешта кои не им се допаѓаат.

7. Се вљубуваат во личности во кои никогаш никој не очекувал и само затоа што сакаат да покажат дека секој има страна што може да биде сакана.

8. Мразат луѓе кои не го почитуваат нивното време, нивната работа, нивните зборови и нивната искреност.

9. Го сакаат вниманието само на луѓето кои им значат и на кои се воодушевуваат. За другите воопшто не им е грижа.

10. Понекогаш, ако ситуацијата го бара тоа од нив, се нежни.

20-zhivotni-principi-spored-koi-se-vodat-pripadnicite-na-znakot-lav-03.jpg

11. Способни се да решат сечиј проблем, освен својот хаос.

12. Кога некој го нарушува нивниот мир, во својата глава веќе го имаат убиено.

13. Бараат пријател или партнер кој е спремен со нив заедно да се бори против неправдите во светот.

14. Секој Лав кој ќе го запознаете ќе остави печат врз вашиот живот - без разлика дали по добро или лошо, секогаш ќе го памтите.

15. Ако повредите блиска личност на Лавот, тој ќе ви наплати за тоа.

20-zhivotni-principi-spored-koi-se-vodat-pripadnicite-na-znakot-lav-04.jpg

16. Не се љубоморни, туку се територијални, бидејќи нивниот карактер е сличен со оној на мачките. Љубомора е кога сакате нешто што не е ваше, а територијалност е кога штитите нешто што веќе го имате.

17. Лавовите тешко простуваат.

18. Иако имаат весела природа, често ја покажуваат и својата не толку привлечна и прилично груба страна, за да се заштитат себе.

19. Одредени претерувања за нив се сосема нормални.

20. Совршеноста не постои, но лесно може да се доближат до неа со напорна работа.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg