Игнорирајте го Лавот, „солете им памет“ на Рибите - Како да го изнервирате секој од знаците?
Секој од нас има своја „жолта минута“ кога „излегува надвор од сопствената кожа“. Понекогаш ве нервираат навистина големи и значајни работи, а понекогаш мали ситници.
Подоцна се чудите како сте дозволиле толку небитно нешто да ве извади „од такт“. Според астрологијата, секој од знаците има своја слаба точка, односно „Ахилова пета“.
На кој начин може да го изнервирате секој од знаците?
Овен – кажете му да се смири. Да диши полека и да се смири. И дека не е крај на светот. Тоа ќе го полуди.
Бик – откажете ги плановите во „5 за 12“. И со реална и со лажна причина за откажување на плановите, Бикот ќе се изнервира бидејќи сте му ги расипале.
Близнаци – прекинувајте ги во зборувањето. Доколку бидете упорни и зборувате истовремено со нив, надвикувајќи ги, ќе ве замразат засекогаш.
Рак – кажете му дека има навистина променливо расположение и дека човек не може да се потпре на него. Тоа дополнително ќе ја повреди неговата и онака премногу емотивна природа.
Лав – игнорирајте го. Не обрнувајте внимание на она што го зборува и не покажувајте заинтересираност за неговата нова фризура или облеката што ја носи, додека не „одлепи“.
Девица – зборувајте им од височина. Развлекувајте ги зборовите, покажете доза ароганција и надменост, како тие да немаат поим за она што го зборувате. Девицата тајно ќе ви посака вечно нечист дом.
Уште 6 знаци на следната страна...
Би можело да ве интересира:





