Игнорирајте го Лавот, „солете им памет“ на Рибите - Како да го изнервирате секој од знаците?
Вага – земајте ги „здраво за готово“. Правете се дека не ви е гајле за нив, нивното мислење и дека исто ви се „фаќа“ дали се тука или не се. Дефинитивно ќе ја налутите смирената Вагата.
Скорпија – критикувајте го нивниот вкус за музика. И филмови. И книги. И ќе си имате смртен непријател до крајот на животот.
Стрелец – не им враќајте на пораките, ниту на мејловите. Ставете ги на ignore кога се работи за комуникацијата на социјалните мрежи и општо со технологијата и нема да ги видите повеќе.
Јарец – кажете им дека претеруваат. Дека нештата не се толку страшни како што тие ги претставуваат и дека имаат тенденција да прават „од мува слон“. Ќе се налутат толку многу, што удирањето шлаканица не е исклучена опција.
Водолија – почнете да им давате совети за сè и сешто. Кажете им како да постапат во одредени ситуации, однесувајте се како учителка кон мало дете и ќе ја видите лошата страна од Водолијата која најчесто е зен.
Риби - „солете им памет“. Истакнувајте ги нивните грешки од минатото и задолжително употребете ја фразата „Ти реков“. Тоа ќе ги донесе Рибите до работ и ќе слушнете конечно псовкa и од нивната уста.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





