Хороскопски знаци кои најчесто прават грешки во љубовта
На кого ѕвездите постојано му ги мрсат конците? Кои зодијачки претставници се вљубуваат во личности што не им одговараат за врска?
Многупати досега сме пишувале за тоа како хороскопскиот знак во коj сте родени, не ви ги одредува единствено карактерните особини, туку силно влијае и на емотивниот живот.
Оттука, ако баш немате среќа, или, пак, редовно налетувате на погрешни ликови со кои не сте задоволни во врската, можеби астрологијата го има одговорот зошто е така.
Ова се хороскопските знаци кои најчесто прават грешки во љубовта:
Овните храбри, дрски и самоуверени. Покрај тоа се и смели, па веруваат дека може да имаат сѐ што ќе посакаат, односно со нивната упорност да го придобијат секого. Меѓутоа, забораваат дека ова не пали секогаш и кај сите луѓе. Слаткоречивоста не е доволна. За да ја пронајдат личноста што навистина ќе им го подари своето срце, едноставно ќе мора повеќе да се потрудат.
Скорпиите се мошне тврдоглави личности. Кога ќе запознаат некого што го сметаат за добра прилика, но не е заинтересиран за нив со иста мера, ним може да прерасне во опсесија. Ќе се обидат на сите можни начини да го придобијат. Резултатот честопати е повлекување на другата страна. Поради тоа имаат чувство дека одново се заљубиле во погрешна особа. А, во случајот, пресудна е веројатно тактиката која не одговара.
Стрелците се склони кон авантури. На светот гледаат како на место каде може да доживеат нешто ново, не плашејќи се да ги откријат ниту најдалечните точки. Тие веруваат дека сѐ е возможно. Проблемот е што се заљубуваат во луѓе кои никогаш не ќе може да ги имаат. Сосема забораваат на реалноста, сѐ додека едно утро не се разбудат од нивниот сон.
Рибите се креативни, мудри и мирни. Но, неретко и тие бегаат од реалноста. Кога некого сакаат, тоа го прават со сето срце и душа. Ако, пак, се сами, тие насила се обидуваат да најдат нов партнер со кој ќе можат да го поминат животот. Од оваа причина, честопати се вљубуваат во личности кои за жал немаат интерес за нив.
Биковите се верни души. Тие со двете нозе цврсто стојат на земјата. Од друга страна се сензуални, па неопходно им е многу љубов и интима, како воздухот што го дишат. Во потрагата по сродна душа, немаат никакви колебања. Единствената препрека на патот им е што се претерано тврдоглави, како и научени да добиваат што сакаат. Затоа не се предаваат кога ќе се заљубат во некого, сеедно дали другата страна покажува интерес или не. На крајот остануваат разочарани, ама самите си се виновни.
Раковите се најемотивните помеѓу хороскопските знаци. За нив семејството и врските, како пријателски, така и романтични, постојано се на прво место. Тие се особено внимателни и грижливи, па задоволство им причинува да ги разгалуваат саканите. За жал, често се вљубуваат во личности кои не можат или не сакаат да им возвратат на чувствата.
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





