Лавот е ненаситен, Близнаците пробуваат 10 парчиња во гардеробата - знаците на организирана шопинг тура
Сезона на огромни попусти. Време е да се подновите со некое парче облека, или нешто за домот.
Додека некои тргнуваат со добро подготвен список и детална анализа на цените и попустите, други се импулсивни купувачи кои само грабаат работи без размислување, само затоа што се на половина цена.
Во која група припаѓате вие според хороскопскиот знак?
Овен – Дечки, видете што најдов! Ова знаете колку е без попуст? Што, не сакате да си купите по една ваква блузичка? Леле, не сте нормални!
Бик – Премногу е скапо. Сè е скапо. Не знам каде гледате вие попуст, сериозно не сте ми јасни. Еве на пример, оваа најобична кошула е колку две твои дневници. Толку малку си го цениш трудот?
Близнаци – *Носи 10 парчиња облека во рацете. Се затрчува кон гардеробата, на половина пат се премислува и се враќа да земе уште нешто за пробување. Постојано довикнува од гардеробата да му се донесе друго бројче или боја од одбраните парчиња облека.
Рак – Уште колку ќе купуваме? Може конечно да одиме да јадеме? Јас ќе се качам најгоре и ќе си порачам за јадење, вие сакате нешто? Не сте гладни?
Лав – Ми треба ова… и ова… и ова… можеби само уште ова. Не знам зошто луѓето мислат дека сум ненаситен, купив само 3 пара фармерки, 7 џемперчиња, 4 кошули, еден капут, опрема за скијање…
Девица – Не сакам да потрошам многу. Имам план, неколку недели размислував и анализирав што ми е најнеопходно за купување. Точно знам каде стои и не планирам да губам време по продавници. Еве, тука во тефтерчето ми е запишано што ми треба, колку проценти е на попуст и од овој список не отстапувам.