Со што ги одбивате луѓето од себе – според хороскопскиот знак?
Вага
Од некоја причина, на луѓето им оставате впечаток дека глумите, односно не сте ни приближно такви како што се претставувате себеси пред светот. А, со лажни особи дружењето е навистина тешко.
Скорпија
Баш сте големо злопамтило. Кога еднаш ќе ви се замери човек, не сакате да го пуштите на мир. Додека мнозинството останати знаци се смируваат, вие ги извлекувате старите проблеми, кога и да ви делуваат прикладни за одново да ги извадите на маса.
Стрелец
Знаете дека во светот постојат и други луѓе, ама вам некако ви се чини дека тие се помалку важни од вас. Не ве интересира што имаат да кажат, бидејќи верувате дека секогаш имате нешто подобро на ум.
Јарец
Често имате песимистички поглед на светот и проблем за секое решение. Со тек на времето, ова почнува силно да им пречи на луѓето што ве окружуваат.
Водолија
Намерно им пркосите на другите, само за сите да видат колку вие сте всушност посебна личност. Дури и кога се согласувате со некого, имате навика да го заземете спротивниот став, сакајќи вашето мислење да остави посилен впечаток.
Риби
Со бујната имагинација и склоноста кон фантазирање, во реалноста не сте ни малку добар соговорник. Умеете да одлетате со паметот среде реченица, па тогаш станува очигледно дека воопшто не го следите разговорот.
М. А. | Црнобело