Вагата вика полиција, Девицата ја игнорира ситуацијата - Што прават знаците кога ќе видат тепачка?

Сите реагираме различно во стресни ситуации, а астрологијата ни овозможува поединечно толкување за секого според нашиот хороскопски знак.

Sto-pravat-znacite-koga-ke-vidat-tepacka-01.jpg

Замислете ја следната ситуација: На улица сте, си отиде накај дома и пред вас гледате тепачка! Како ќе изреагирате во дадената ситуација?

Додека некои одвај чекаат да се вклучат и да ги разделат завојуваните страни, други ќе стојат мирно од страна и сеирџиски ќе ја набљудуваат тепачката… во која група припаѓате вие?

ОВЕН – Веднаш, без многу размислување, се вклучува во тепачката и се обидува да ги раздели завојуваните страни. Доколку пат препознае некој близок кој е дел од тепачката, застанува во негова одбрана. Неговата најголема желба е да нема никакви посериозни последици, а во состојба е сите да ги почести пиво откако ќе заврши мешаницата за „мир во куќата“.

БИК – „Игнорирај, игнорирај ги будалите“. Нема да застане ниту секунда и со брзање ќе ги одмине оние коишто се тепаат. Доколку е возможно ќе пронајде и друг пат да ги заобиколи, затоа што нема намера да биде дел од таков глупав спектакл каде што будали решиле да си ги одмеруваат силите. Сè што вклучува физичко насилство за Бикот е огромно НЕ.

БЛИЗНАЦИ – Точно знаат што се случува, кои се тие што се тепаат и кои се причините поради кои тепачката воопшто започнала. Иако ги имаат сите информации, преферираат да ја гледаат тепачката од пристојна оддалеченост, додека пијат кафе со пријателите, на пример, и им раскажуваат зошто се случува конфликтот во моментот.

РАК – „Да помогнам или да избегам?“ Ракот има поделено мислење. Слично како и Бикот мрази конфликти кои вклучуваат физичко насилство и не може да поднесе вербални навреди и безобразни пцости. Сепак, неговата желба да помогне е посилна од стравот, па доколку ги стисне забите и го совлада ова чувство, сосема возможно е да ги раздели страните коишто се тепаат.

ЛАВ – Верувале или не, Лавот е најчесто виновникот поради кој се случува тепачката. Тој е прилично големо „буцкало“ и има моќ да ги натера луѓето да се однесуваат онака како што ќе посака. Па доколку посака некој да си ги одмери силите пред него, Лавот ќе пронајде начин да започне тепачка. Секако, тој самиот нема да биде дел од неа, бидејќи не сака да ризикува да си ги оштети новите чевли или да си ја заплетка косата.

ДЕВИЦА – Слично како и Бикот, и Девицата решава да ја игнорира тепачката, да ја крене главата и да си замине подалеку од конфликтната ситуација. Таа воедно не верува во расправии коишто се решаваат со физичко насилство. Девицата можеби и најсилно ќе ги осуди оние коишто запаѓаат во вакви видови на конфликти. Доколку дознае дека вие сте биле дел од некаква тепачка, многу веројатно е дека нема никогаш повеќе да ви зборува.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Хороскопски знаци кои повеќе ќе уживаат во 50-тите, отколку 20-тите години од животот Девици, додека да наполните 50 години, вие ќе имате проживеано повеќе од кого би...
3 хороскопски знаци кои важат за најдобри родители Риби, вие се сомневате во вашите родителски способности. Но, токму овој сомнеж в...
3 хороскопски знаци кои работат најмногу (и веднаш треба да одат на одмор) Јарци, вие веднаш се справувате со секоја пречка која ќе ви се најде на патот и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg