Семејни астро-парови кои никогаш нема да бидат многу блиски
Постојат семејства чии членови се многу блиски, но постојат и такви кои не успеваат да создадат таква врска. Не е дека нивните родители не се потрудиле, туку и други фактори замешале прсти.
Ако сте блиски со вашите браќа и сестри, не ви е јасно како може да постојат такви кои не се, а можно е и обратното.
Да побараме одговори за ова во астрологијата:
Овен + Бик
Ова е комбинација на два тврдоглави знака, кои постојано ќе се „туркаат со рогови“. Нивните караници се жестоки и дрски и често паѓаат зборови кои можат да повредат. Не се зближуваат за да се поштедат едни од други.
Близнаци + Девица
И двата знака се динамични, но нивната динамика е спротивна. Близнаците се хаотични и безгрижни, а Девиците сакаат ред и правила. Засекогаш ќе се почитуваат едни со други, но тешко ќе зе зближат.
Рак + Водолија
Роднински пар за кој слободно може да се каже дека има спротивна поларизација. Ракот е емотивен, Водолијата логична. За нив не важи дека спротивностите се привлекуваат и иако многу се сакаат, можат дури и да бидат токсични еден за друг.
Лав + Скорпија
За разлика од другите, нив им е тешко да се зближат поради преголемите сличности и истата енергија. Сакаат да се докажуваат пред други, а не можат тоа да го прават еден пред друг. Скорпијата манипулира, а Лавот е агресивен.
Вага + Јарец
Вагата е секогаш подготвена на компромиси, а Јарецот не е. До одреден момент ќе функционираат добро, сè додека на прагматичната Вага не ѝ дојде преку глава однесувањето на инаетливиот Јарец.
Стрелец + Риби
Овие два знака не можат да бидат блиски затоа што едноставно, не можат да си веруваат еден на друг. Исто така, Рибите ги ценат длабоките врски, додека Стрелците не се способни да се поврзуваат.
Е. Д. | Црнобело