Овните се брутално искрени, Близнаците родени за актери: Кои знаци (не) глумат во секојдневието?
Вага
Вагите се создадени за преправање. Можеби ова е резултат на неможноста да донесат одлука, или, пак, фактот што очајнички бараат потврда од околината. Сакаат со сите да бидат добри, па дури и кога некоја личност ним не им се допаѓа, ќе направат сѐ што е во нивна моќ да ѝ се допаднат. Честопати и ќе зажалат подоцна за сиот труд и време, вложени во односот што всушност ги нервира. Тие не се склони кон глума од злобни побуди. Постојат ситуации во кои им е поедноставно да стават маска, одошто да го покажат вистинското лице, кажувајќи го она што навистина го мислат. Ако се однесуваат во согласност со чувствата, а наидат на негативна реакција од другите – страшно ќе бидат повредени. А, тоа не би можеле да го поднесат. Затоа се едни од најголемите глумци помеѓу хороскопските знаци.
Скорпија
Ако некого не го бива да глуми, тоа дефинитивно се Скорпиите. До толкава мера се директни и отворени, што тешко поднесуваат лажливци, дури и кога постојат добри причини за сокривање на вистината. Доколку ги налутите, тие без проблем ќе ви плеснат сѐ во лице, давајќи ви јасно до знаење како стојат работите. При изборот на пријатели и друштво, секогаш одбираат да се окружени со искрени и прави луѓе, чиишто мани веќе ги знаат. Ужаснати се од можноста лошите страни на блиските, да се покажат во моментот кога најмалку очекуваат.
Стрелец
Стрелците се реални и искрени, ама подеднакво сакаат и да глумат. Имаат тенденција да бидат директни, а ако се вознемирени или опиени, тогаш нема да се воздржат од давање на своето мислење, како би го заштитиле некого од вистината. Немаат преголема емпатија кон другите луѓе, така што им е претешко да се стават во туѓа позиција и да разберат зошто некоја личност се чувствува или однесува на одреден начин. Ако на некого одлучат да го искажат бесот, животната ситуација на особата кон која се намериле, апсолутно ништо не им значи. Ним најважно им е да ги покажат сопствените чувства и јасно да си ги изразат мислите.
Јарец
Јарците вообичаено се искрени и со јасни ставови, освен кога се кариерата и напредокот во прашање. Тогаш може да го одглумат сето она што нив се очекува, секако, исклучиво заради остварување на нивните цели. Глумата ја сметаат за дел од работата, којашто тие ја сфаќаат мошне сериозно. Одлично знаат што прават и однапред се подготвени за секакви предизвици, особено ако се на пат кон подобра позиција или финансиска добивка.
Водолија
Водолиите се прилично одвоени индивидуи. Со други зборови, не им е гајле за туѓото мислење, па глумата и преправањето воопшто не им паѓаат на памет. Добро е што ни од останатите не очекуваат да бидат ништо повеќе или помалку од она што се. Ако одредена личност им се допаѓа, ја прифаќаат точно онаква каква што е. Лажењето им е последната работа на ум. Не сакаат подоцна да губат време на размислување и присетување што сѐ кажале, како лагите не би им излегле на виделина. Тоа им одзема премногу енергија. Што се однесува до другите личности – ги обожаваат, или, пак, ги избегнуваат. А, кога станува збор за нив самите, тие немаат никакви намери на било кого да му удоволуваат, како ни за луѓето да направат нешто кое не е од срце.
Риби
Рибите се фантазери кои сакаат да живеат во својот измислен свет. А, кога реалноста им е прекомплицирана или претешка, тие глумат и се преправаат, за да што поскоро се извлечат од незгодните ситуации. Кога би можело да им се оствари само еднa желба, тaa веројатно би била никогаш повеќе да не се најдат среде непријатност, расправи или кавги. Попрво ќе лажат и матат за да ги задоволат луѓето околу себе, одошто да се соочат со суровата вистина.
М. A. | Црнобело