Биковите не поднесуваат мириси, Вагите ги погодуваат критики: Што ја гаси желбата за секс на секој знак?

Вага

Ним либидото ќе им го помножите со нула, ако се осмелите да кажете нешто негативно за нивното тело. Со исклучок на моментите кога директно ќе ве прашаат за мислење, потрудете се да не искоментирате дека накачиле некое кило повеќе, или, пак, дека време им е за во теретана. Вагите имаат комплекси и несигурности, дури и кога изгледаат и се однесуваат совршено. А, истакнувањето на истите ви гарантира живот без секс.

bikovite-ne-podnesuvaat-mirisi-vagite-gi-pogoduvaat-kritiki-shto-ja-gasi-zhelbata-za-seks-na-sekoj-znak-6.jpg

Скорпија

Скорпиите обожаваат да водат љубов и се генијални во кревет, затоа што се максимално фокусирани и страствени. Од љубовниците очекуваат да бидат загреани налик на нив самите. Најлесно ќе им ја изгаснете желбата ако ги деконцентрирате, размислувајќи на било што друго освен сексот за време на предиграта, или, пак, главната „игра“. Кога ќе почувствуваат дека партнерот не е внесен со цела душа и тело во дејството, тие веднаш се ладат и прекинуваат.

Стрелец

Стрелците секогаш прават разлика помеѓу секс и врска. Па, ако намерата ви е со нив да започнете врска преку секс за една вечер, заборавете и на едното и на другото. Тие не се за обврски, така што вакви манипулации не проаѓаат кај нив. Попрво ќе се откажат од сѐ, одошто да се чувствуваат фатени во стапица. Додека вие уште ги ловите, тие ќе си пронајдат друг партнер.

bikovite-ne-podnesuvaat-mirisi-vagite-gi-pogoduvaat-kritiki-shto-ja-gasi-zhelbata-za-seks-na-sekoj-znak-7.jpg

Јарец

Јарците, пак, ги погодуваат критиките на сметка на нивниот по малку чуден вкус во сексот. Надвор од спалната соба се прилично сериозни и прибрани, ама во кревет сешто сакаат да испробаат. И тоа е она што го бараат и кај своите партнери. Една работа е да бидете искрени и отворено да кажете што вам лично ви одговара, а што не, додека сосема друга е подбивањето со нечии еротски желби и фантазии. Ако осетат дека ги исмевате, дури и за некаква ситница, тие се готови со вас. Не само во кревет, туку и на сите останати начини.

Водолија

Претставниците на овој хороскопски знак се желни за нови искуства во постелата. Доколку не сте тип што ќе експериментира со нив во сексот, тие ќе се оладат и пред воопшто да се загреете. Партнерите кои не се расположени за испробување различни пози, места и зачини за водење љубов, мошне брзо ќе им здосадат. А, веројатно не ќе можат ни да ги запалат.

bikovite-ne-podnesuvaat-mirisi-vagite-gi-pogoduvaat-kritiki-shto-ja-gasi-zhelbata-za-seks-na-sekoj-znak-8.jpg

Риби

Рибите се откажуваат штом ќе воочат дека другата страна нешто крие од нив, или, пак, ги лаже. Интуитивни се, па доколку постои некаков интимен проблем, секако ќе сфатат за краток рок. Претпочитаат кога партнерот е потполно искрен и ги открива сите недоумици околу сексот, отколку да имаат чувство дека спие со нив против сопствената волја. Ако не сте сигурни во она што го правите, подобро е да им кажете. Тие ќе скројат план како да ви угодат.

M. A. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg