Биковите не поднесуваат мириси, Вагите ги погодуваат критики: Што ја гаси желбата за секс на секој знак?
Либидото на Вагите ќе зависи од вашиот поглед на нивното тело. Доколку го критикувате, тогаш нема ни да го добиете. Лавот се откажува кога ќе сфати дека не е подобриот во кревет, додека на Девицата ѝ пречи ако партнерот не се „припремил“ за секс.
Постојат дразби кои се стимулирачки и запаливи, па редовно водат до експлозивна игра во спалната соба.
Меѓутоа, има и такви кои ќе ја задушат секоја искра на страст помеѓу чаршафите. А, според астролозите, тие се разликуваат кај дванаесетте ѕвездени претставници.
Како да не ги демотивирате во постелата?
Еве што ја гаси желбата за секс на секој знак:
Овен
Знаете ли што ги „убива“ претставниците на овој хороскопски знак? Кога другата страна е пасивна. Овните се набиени со енергија, ама не сакаат сѐ да прават сами. Ним не им целта да имаат секс со партнер што само лежи. Потребни им се љубовници кои баш како и тие горат од страст, а не оние што го преспиваат половина од дејството.
Бик
Со нив треба да внимавате каков парфем или лосион за тело користите. Кога не им се допаѓа мирисот на љубовниците, тие лесно ја губат желбата за секс. Биковите се изразито осетливи по тоа прашање. Па, доколку им пречи вашиот јак дезодорас, кремата со интензивна арома, или, пак, нешто сосема трето кое сте го нанеле на себе, ноќта ќе ја „спасите“ само ако се истуширате.
Близнаци
Ним ќе им исчезне желбата за секс кога ќе видат дека сте сонливи. Близнаците ги ужаснува досадата. Логиката им вели дека партнерите на кои им е здодевно, набрзо ќе заспијат, или, пак, веќе спијат. Затоа, заборавете на попладневната дремка во нивно присуство, па макар и да е само „кратко затворање очи“. Тие се под напон кога водат љубов, така што потребно е и другата страна да биде во полна сила.
Рак
Раковите не поднесуваат себични љубовници. Очекуваат и двете страни подеднакво да даваат и примаат во кревет. Ако сте пасивен тип што очекува сета работа да ја заврши партнерот, или, пак, навикнати сте сами да ги влечете сите конци во сексот, нив едноставно нема да ги воодушевите. Напротив. Веднаш ќе им ја згаснете желбата да бидат интимни со вас.
Лав
Доколку при водењето љубов се водите од ставот дека „можете подобро“, тие не се партнери за вас. Лавовите мора да бидат најдобри во сѐ. Штом забележат дека партнерот во кревет е поискусен љубовник, во истиот миг ќе ја изгубат сета волја за секс. Ним им е потребно внимание. Затоа сакаат фокусот да е на нив и нивните потреби. Ако сте спремни да им удоволите, ќе дадат сѐ од себе и вие да сте задоволни.
Девица
Девиците умеат да бидат мошне пребирливи и ситничави. Ако сте во врска и ги поканите на „вечерна дружба“, а станот ви е неуреден или не сте се средиле за приликата – сексот ќе заврши и пред воопшто да започне. Ова не значи дека тие се постојано опседнати со педантост и чистина. Меѓутоа, кога станува збор за водењето љубов, важно им е барем така да стартува.