Како мажите реагираат на „Те сакам!“ – според хороскопскиот знак?
Вага
Вагите честопати се плашат од сериозни врски. Ако уште не им е јасно дали таа е вистинската жена за нив, попрво ќе побегнат, одошто да ѝ одговорат на изјавата за љубов.
Скорпија
Скорпиите ќе одолговлекуваат со одговорот, купувајќи време дури добро не ја запознаат девојката. Тие никогаш не се залетуваат на почетокот. А, кога ќе ви возвратат на чувствата, тогаш се крајно сериозни во своите намери.
Стрелец
Стрелците е предизвик да ги скротите, ама порано или подоцна, тие ќе се смират. Кога навистина ќе се вљубат и скрасат покрај една жена, мажите ја опсипуваат со мед и млеко избраничката на нивното срце.
Јарец
Ако постои знак на кого посебно му годат изјавите за љубов, тоа дефинитивно се Јарците. Сепак, ним реално нема потреба да им кажете:„Те сакам!“. Тие веќе одамна осетиле што чувствувате за нив.
Водолија
Водолиите едноставно обожаваат да филозофираат. Па, пред да ви одговорат со иста мера, тие веројатно добро ќе размислат за суштината на романтичната љубов.
Риби
Рибите претешко ги поднесуваат одбивањата. Пред и самите да ги изговорат слаткоречивите зборови, тие сакаат уште еднаш да се уверат дека сѐ добро чуле и разбрале.
М. А. | Црнобело