Хороскопските знаци на плажа – Лавот го „фрцка“ своето набилдано тело, Водолијата бара кисело млеко за изгореници
Летото конечно пристигна. Доколку мислевте дека температурите се колебаат, повеќе не постои сомнеж – пеколно топло е и сите сонуваме за малку одмор на плажа покрај море. Однесувањето на плажата во голема мера зависи од хороскопскиот знак, барем според астрологијата.
Секако, имајте предвид дека текстот (нормално) е од забавен карактер и во секој случај проверете во однесувањето и на вашиот подзнак покрај знакот.
Веруваме дека пријатно ќе се изненадите и насмеете кога ќе прочитате што прави секој од знаците додека е на плажа:
Сонцето сјае високо искачено на небото. Вагата грациозно се сонча, веќе има прекрасен чоколаден тен, додека ноншалантно ги врти страниците на списанието. Опремена е со сите можни додатоци за на плажа – модерна простирка, огромен шешир и очила за сонце.
Таа е вистинско олицетворение на сè што сакате да бидете додека сте испружени на песокот.
За жал, Водолијата не е. Го заборавила шишето со вода и нерамномерно го нанела средството за сончање. Нема ниту пладне, а веќе е изгорена и започнува да офка. Почнува да се распрашува наоколу што е подобро за изгореници–кисело млеко или нешто поефикасно.
Лавот оди со високо крената глава, полека ги влече стапалата по врелиот песок. Намерно не носи папучи, жешко е, но тој не се откажува додека го „фрцка“ своето вито тонирано тело, доведено до совршенство. За жал, никој не го забележува додека тој си потврдува во себе колку се другите луѓе глупави и колку му се љубоморни.
Девицата го нанесува петтиот слој од средството за сончање на телото. Веќе се напила и доволно калиум и внела каротен, со цел да не изгори и да не си го загрози здравјето. Носи и ладна вода и лимонада и овошје во торбата, спреј против комарци и мала кутија за прва помош, за недај боже.
Бикот го одвиткува третото мало сендвиче. Навистина е тешко да се печеш цел ден на сонце без храна и ладен пијалак. За некоја минутка ќе се префрли покрај шанкот на барот на плажата за да испие неколку грч студени пива додека планира каде ќе руча и што ќе си земе за десерт.
Ракот постојано ѕирка во некого. Луѓето кои лежат, луѓето кои поминуваат пред него… каде се крие неговата летна симпатија? Подготвен е за летна љубовна авантура која никако не пристигнува. Тажно замижува надевајќи се дека не е доцна, иако го поминува претпоследниот ден од одморот.
Рибите се во неуспешен обид да си направат секси селфи на плажата. Прво се валкаат во песокот, а потоа сфаќаат дека фотката е повеќе смешна отколку секси. На крајот завршуваат плискајќи се меѓу брановите во плиткото, но наместо секси фотка успеваат само да го потопат телефонот во водата.
Стрелецот веќе одамна не е на плажата. Тој отиде да се бања, и веќе никој не го видел добри 40 минути. Познат по тоа што сака да плива долго и во длабокото, ништо чудно да завршил на спротивниот крај од брегот и си пронашол ново друштво со гитара со кое лудо ќе се забавува со раните утрински часови.
Скорпијата упорно бара место каде што би можела да има секс на плажата со партнерот, но попусто – насекаде има многу мали деца и врие од туристи. Но, не се разочарува, ќе се врати откако ќе се стемни кога ќе нема никој и ќе си ја исполни зацртаната цел.
Јарецот е меѓу најдосадните на плажата. Упорно собира школки, прашува дали може да се пронајде некој бисер во длабочините, а подоцна „рошка“ низ песокот во потрага по нечиј изгубен златен прстен или паричник.
Додека денот се приближува кон крајот, Овенот и Близнаците разговараат со полицијата и им се заканува апсење поради нарушување на јавниот ред и мир и премногу гласната музика. Близнаците се веќе подуени од пиење, а Овенот се подзаборавил со очилата на лицето, па јасно се познаваат траги од силно исончаните делови.
Близнаците успеале некако да уринираат зад кабините за пресоблекување, а Овенот се правда дека се исповраќал само поради неквалитетот на пијачките коишто ги служи барот.
(О)Милена | Црнобело