Не покажуваат слабост: Хороскопски знаци кои се плашат да им веруваат на луѓето

Астролозите велат дека одредени знаци се посебно затворени, па тешко дека ќе ви ја прикажат својата ранлива страна. Тие немаат доверба во другите, поради што нерадо говорат за личните проблеми, мисли и чувства.

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-1.png

Сите посакуваат да имаат верни пријатели, покрај кои без ни малку страв ќе да може да си ја разголат душата, покажувајќи длабоки емоции. Меѓутоа, вистинските луѓе се бројат на дланка, а заради лошите искуства во минатото, многумина веќе во никого не веруваат.

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-2.jpg

Се затвораат и едноставно ја губат довербата. Од друга страна, има и такви, кај кои таинственоста и затвореноста се прашање на карактерот. Што велат астролозите на оваа тема? Кои ѕведени претставници најретко покажуваат слабост?

Ова се хороскопските знаци кои се плашат да им веруваат на луѓето:

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-3.png

Тие не сакаат јавно да ги искажуваат емоциите, ниту пак да се прикажат себеси како ранливи во туѓите очи. Водолиите се надеваат дека ако се во постојано движење, луѓето нема да ги забележат ѕидовите што ги издигнале околу својата душа. Везден се окупирани со некакви активности, бегајќи од чувствата на несигурност, тага и лутина. Родените во овој знак ќе ве држат на растојание, така што нема да ви дозволат да ги видите нивните слабости и недостатоци.

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-4.jpg

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-5.png

За нив ранливоста е тесно поврзана со предавството. Па, кога ги чуваат тајните во себе, всушност се чувствуваат заштитено. Скорпиите тежнеат да изградат култ на јака личност, која секогаш другите луѓе ќе ја молат за помош. Кога ним им е потребна, пак, тие тешко се решаваат на ваков чекор. Самиот чин им претставува покажување на слабост. А, тие по ниту една цена не сакаат да ја изложат својата немоќ пред светот.

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-6.jpg

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-7.png

Ним строгиот перфекционизам им делува како штит против чувството на ранливост. Девиците се плашат од прекумерна блискост и отвореност, па неретко умешно ги избегнуваат непријатните теми. Веруваат дека ако се постојано спремни да одговорат на сите прашања, тогаш другите луѓе нема да допрат до нивните слаби точки. Меѓутоа, забораваат дека несовршеноста не е никаква мана. Напротив. Тие може бестрашно и хармонично да комуницираат со околината, прикажувајќи ги сите квалитети што ги поседуваат.

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-8.jpg

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-9.png

За да се прилагодат на луѓето со кои комуницираат, тие исто така избегнуваат да ја покажат ранливоста. Наместо тоа, на другите им го прикажуваат само она што тие сакаат да го видат. Навистина ретко се случува да ја откријат својата слабост. Близнаците се одлични говорници, па зад длабокоумните муабети, неретко се замаскирани проблемите што нив суштински ги мачат.

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-10.jpg

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-11.png

Кога се тие во прашање, обично ранливоста ја поистоветуваат со силата. Ниту ним не им е по волја да ја демонстрираат нивната осетливост. Биковите вешто ја затскриваат со тврдоглавоста, држејќи се до својата непоправлива точка на гледиште, како начин на кој се бранат од покажување слабост.

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-12.jpg

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-13.png

Вагите навидум изгледаат студенo. Сепак, во суштина се мошне чувствителни. Како и сите останати, ниту тие не се имуни на духовната болка. Само се прилично резервирани. Потребно им е многу време да им поверуваат и да се отворат на луѓето. Не сакаат да ги оптоваруваат другите со сопствените проблеми, како не би ги задолжиле, па се трудат сѐ самите да си решат. Меѓутоа, порано или подоцна, нивната ранливост ќе излезе на површина.

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-14.jpg

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-15.png

Тие се кралевите во Зодијакот. Лавовите честопати гледаат на сѐ од заштитничка позиција. Налик на Скорпиите, чувствуваат дека мора да изгледаат моќно и независно во секоја пригода. Цел им е да одаваат впечаток на позитивна и оптимистична личност, како и да бидат за пример на останатите. Ама, не сфаќаат едно нешто. Покажуваќи дека и тие се само обични луѓе од крв и месо, ќе стекнат далеку повеќе доверба, но и емпатија од околината.

ne-pokazhuvaat-slabost-horoskopski-znaci-koi-se-plashat-da-im-veruvaat-na-lugjeto-16.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg