Што размислуваат и како се однесуваат хороскопските знаци во автобус?

7 часот наутро, автобусот застанува на преполната станица. Вратите полека се отвораат и се создава мешаница од луѓето кои сакаат да излезат и оние кои се обидуваат да се качат во автобусот.

Sto-razmisluvaat-i-kako-se-odnesuvaat-horoskopskite-znaci-vo-avtobus-01.jpg

Влегувајте бре, аман што чекате? Полжави едни, еден век ќе помине додека да се качите и да тргнеме! Ајде бре мајсторе тргни веќе, ќе ги чекаш овие желкиве“ - размислува Овенот во себе додека се држи за шипката во средината на автобусот и се протегнува.

„Уф, колку мразам да чекам што било, а пак автобусов е посебен хорор. Немам јас време за ова. Колку работи имам да направам денес, а денот уште не ни започнал“, си калкулира нервозно Овенот.

„Само уште еден гриз од баничкава“, си мисли Бикот додека кришум си кине залчиња од кесата со појадокот. „Ќе ми се олади додека стигнам на работа, само уште еден гриз да си лапнам. Како бре не си купив ништо благо, денес имам куп состаноци, ќе ми падне шеќерот“ - размислува Бикот.

„Извинете што ве удрив, не беше намерно, сега ќе ви помогнам со торбата, ене онде има едно празно место“, весело и разговорливо, типичен одговор за Близнаци. Се пробива низ топлата со насмевка, додека пишува смс порака, си ги проверува нотификациите на Фејсбук, а од слушалките му трешти музика.

„Ниту кафе не се напив сабајле. Ама мама прави ручек денес за сите нас. Ќе дојде и сестра ми со бебето. Колку сакам кога сме сите заедно на куп. Леле, види го бебено колку е слатко!

Кога јас ќе имам бебе, дефинитивно е време за бебе, моите колку ќе бидат среќни “ -  си мечтае Ракот.

Ве молам помрднете се накај средината, има место, да ја пуштиме жената со бебето да седне. Ти што гледаш така чудно? – му се обраќа Ракот на Лавот.

„Ти гледаш во мене, не јас во тебе“ – си мисли Лавот додека ноншалантно преминува со прстите низ својата коса и си го гледа одразот во стаклото.

„Ц ц ц, прв и последен пат да се возам со автобус. Среден човек како мене, качи си се господски во такси, а не тука да се гужваш со секакви“, заклучува Лавот додека си ја тресе правта од рамото.

„Колку се значи валкани автобусиве, како да седнеш на вакво седиште?“ – си размислува Девицата во себе додека вади влажно марамче и го забришува седиштето и држачите над неа.

„Кој знае каква болест може да закачиме од автобусиве! Утре морам да извадам крв, не ми е нешто добро, а работа колку сакаш“ – воздивнува на глас Девицата.

„Има тука празно место, седнете ако сакате“ – му прозборува Вагата на Лавот. „Ама е згоден овој“ – си мисли Вагата во себе.

„Леле, како може да мислиш вакви работи, имаш дечко! Те сакам буцко“ – му праќа Вагата на дечкото порака.

За тоа време, Скорпијата тивко се провлекува низ турканицата во автобусот. Наоѓа едно место сосема на крајот, седнува, си става очила за сонце и капа на главата.

„Како бре можат толку рано од сабајле да зборуваат толку? Што е важно кој каде ќе седи или ќе стои? И така кратко трае возењето, мислиш 100 години ќе живеат“ - размислува Скорпијата во себе.

„Знаеш ли ти каде имам јас живеено? 5 години во странство, нема каде не сум бил, каков свет има таму надвор, каква слобода. А бе какви автобуси, само автостоп. А ова гужвава, тоа само кај нас. Знаете ли во Германија каков ред има, а во Јапонија пак, да не зборувам“ – гласно објаснува Стрелецот.

Јарецот го погледнува сериозно. Седнат е од првата станица и не планира да го отстапи местото никому. Се чуди како автобусот е толку бавен и доцни.

„Треба да се воведе ред и кај нас. Да се знае кога точно тргнуваш, кога пристигнуваш“. Така ми е, кога си немам уште мој автомобил. Ама првите пари што ќе ги заработам ќе ги потрошам на купување автомобил, жими мајка“ – си размислува Јарецот.

Водолијата тивко си зборува со патникот до неа. „Леле, замислете да сме во Јапонија. Возовите ’фрчат‘ со 300 km/h, додека да трепнеш – веќе си стигнал. А кога мислевме дека ќе имаме летечки автомобили после 2000-тата година? Барем тоа да го дочекам пред да умрам“, тивко завршува Водолијата.

„Јапонија е преубава земја, сега ќе ви раскажам како си поминав таму“ – се надоврзува Стрелецот  кој го наслушнал разговорот, иако никој не го прашува ништо.

Јарецот го погледнува бледо, со поглед полн презир, фркнува со носот и ја врти главата на другата страна. Бикот рошка низ чантата, како да има оставено таму некое мало чоколатце од пред некој ден. Скорпијата ја врти последната страница од книгата и претвртува со очите кон Стрелецот.

Рибите си мумлаат нешто во себеси. Уште не се добро разбудени, колку е рано, а тие воопшто не спиеја ноќеска.

„Какво беше небото ноќеска, сите ѕвезди блескаа, совршено за ноќна прошетка, па после биди наспан да те видам. Ама тежок ден денеска, уффф… Одвај чекам да дојдам дома да си пуштам некој филм и да се расположам со кафенце“ – сонливо размислуваат Рибите додека ја наведнуваат главата на рамото од Ракот и задремуваат.

Автобусот продолжува полека да се движи додека тркалата бавно го голтаат асфалтот...

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg