„Ќе те сакам сè додека…“ како ја завршува оваа реченица секој хороскопски знак?
ВАГА
Ќе те сакам сè додека… не ми го реметиш мирот.
Одржувањето рамнотежа и чувството за дипломатија им доаѓа сосема природно на Вагите.
Тие ценат мир, одмор и хармонија. Доколку некој започне гласно да вика, да прави сцени и драми, особено во јавност, но и во рамките на домот, Вагата едноставно ја отвора вратата и си заминува или пак го бутка партнерот низ неа.
СКОРПИЈА
Ќе те сакам сè додека… не криеш тајни од мене.
Сериозно, не сакате да лажете или манипулирате една Скорпија. Не си ја барајте бељата.
Секогаш кажувајте ја вистината, бидејќи тие имаат силна интуиција, ја претчувствуваат или ќе ја откријат на свој начин, а потоа ќе зажалите за своите лаги.
Скорпиите „се ладат“ во оној момент кога дознаваат дека некој ги лажел зад нивниот грб.
СТРЕЛЕЦ
Ќе те сакам сè додека… ми даваш надеж.
Како може да збудалите еден Стрелец? Лесно е, дадете сè од себе да се чувствуваат мизерно, како да дошол крајот на светот и не покажувајте најмал зрак на надеж и оптимизам.
Тоа ќе ги уништи ведрите Стрелци. Доколку не им давате позитивна енергија и надеж, полека станувате сенка која наскоро ќе се претвори во прав и заборав.
ЈАРЕЦ
Ќе те сакам сè додека… не почнеш да се откажуваш.
Јарците ќе направат сè во својата моќ за нештата да успеат, а љубовните врски не се никаков исклучок.
Тие се верни со топли срца и генерално имаат добри намери. Но, доколку кренете раце од животот, кариерата, паднете во депресија и полека почнете да се откажувате од работите, тие го губат интересот.
ВОДОЛИЈА
Ќе те сакам сè додека… си уникатен и не личиш на сите други.
Водолиите се инстантно привлечени од луѓе кои се одликуваат со уникатност и индивидуалност. Тие бараат нешто необјасниво кај партнерот, а силно присутно кое ќе го направи светот сосема поинаков во нивните очи.
Во моментот кога партнерот започнува да се менува, да наликува на сите други, да го губи својот индивидуален печат, Водолијата полека се повлекува од сцената.
РИБИ
Ќе те сакам сè додека… ми дозволуваш слободно да сонувам.
Светот на соништата е сосема реален за Рибите, тие се најголемите сонувачи со ширум отворено очи. Бараат некој кој ќе ја разбере нивната имагинација и фантазија и нема да ги осудува.
Оној кој ќе почне да ги исмева заради ова или ќе ги советува да се симнат на земјата, ќе добие „корпа“.
(О)Милена | Црнобело