Како реагираат знаците кога некој ќе им каже дека се убави?
ВАГА
„Те сакам. Сакаш да се дружиме?“
Како некој кој е најголем поборник на правдата и еднаквоста, Вагата смета дека е сосема нормално кога некој упатува вака ласкав комплимент да стане нивниот најдобар другар. Нормално, тоа го прават затоа што сметаат дека сите се чесни и искрени како нив.
СКОРПИЈА
„Знам дека само сакаш да ме прелажеш за да станеме пријатели и после тоа да ме искористиш некако. Знам, многу добро знам“.
Скорпиите се мистични, сомничави, многу внимателни кога станува збор за ласкавци. Попрво би се самоуништиле отколку некој друг да го стори тоа. Ретко им веруваат на комплиментите, не затоа што се несигурни, туку затоа што сметаат дека се силни и не им треба туѓа потврда за својот изглед или квалитети.
СТРЕЛЕЦ
„Навистина… па… добро“.
Од едното уво влегло, од другото излегло. Стрелецот ќе се изненади од комплиментот кој ја наведува неговата убавина, но ќе го заборави 3 минути подоцна. Многу повеќе ќе му значи доколку ја истакнете неговата посветеност кон фитнесот или некој спорт кој го тренира.
ЈАРЕЦ
„Повеќе сакам да мислат дека сум добар и способен, но и убав не е лошо“.
Јарецот е методичен и трпелив, а понекогаш и многу критичен кога некој не е доволно амбициозен како него. Повеќе внимание обрнува на своите цели и успеси, отколку на надворешната убавина. Подобро ќе се чувствува доколку ја истакнете неговата посветеност и работната етика која ја поседува.
ВОДОЛИЈА
„Дај бе дечки не се зафркавајте… кој ви рече да ми го кажете ова? Да не е скриена камера?“
Водолијата е можеби најнесигурниот знак кога станува збор за истакнување на нејзината надворешна убавина. Иако се ултрамодерни и се обидуваат секогаш да ги следат актуелните трендови, повеќе го ценат интелектуалното, отколку физичкото и емоционалното.
РИБИ
„И, што дека?“
Нема да ги освоите Рибите ако им кажете дека се само убави. Овој комплимент нема да ги „тресне“ од земјата. Многумина сметаат дека Рибите се најчесто беспомошни, но тие се многу посилни отколку што се претставуваат.
(О)Милена | Црнобело