Колку „големи љубови“ во животот ќе има секој хороскопски знак?
Вага
Вагата е иста како Лавот – може да го сака подеднакво секој нов партнер. Дури и да тагува додека брои ѕвезди, подготвена е да почне нов однос со неоштетено срце.
Скорпија
Скорпијата знае да сака само еднаш. Претставниците на овој знак може да имаат многу авантури, но само еднаш сакаат. За Скорпијата вистинската љубов не е само физичка, туку длабоко емотивна и таинствена од целиот свет околу неа.
Стрелец
Стрелците имаат 4 големи љубови во животот. Искусни се на поле љубов, па за да останат долгорочно со некој, мора да направат компромиси.
Јарец
Јарците може да сакаат двапати во животот, но со големи потешкотии, бидејќи не им е лесно да ги покажат емоциите. Исто така, заради нивната изразена индивидуалност, тие се решаваат на прекинување на врските.
Водолија
Водолиите имаат 3 големи љубови во животот, вклучувајќи ги и љубовниците со кои изневеруваат. Имаат тенденција да бараат совршен партнер кој ќе им биде пријател и љубовник.
Риби
Рибите вистински сакаат само еднаш и една личност. Кога ќе ја запознаат личноста која сметаат дека е вистинска, се препуштаат на нејзините желби и не ни помислуваат да бараат нешто на страна.
М. Д. | Црнобело