Каде и со кого треба да патувате во 2018, според хороскопскиот знак?
Можеби астрологијата не е нешто по што треба да се водиме во донесувањето одлуки, но сепак има многу луѓе на кои тоа им значи.
Па, независно дали целосно верувате или не, овој хороскоп може да ви даде идеја, која не е лошо да ја реализирате.
Ако сте љубител на патувања, прочитајте си каде и зошто треба да отпатувате во 2018, според вашиот хороскопски знак и со кого е најдобро да го направите тоа.
Можеби, ќе откриете дека сепак има нешто и во астрологијата, а патувањата, на никој нема да му дојдат лошо.
Овен
Земја: САД
Патувајте со: Близнаци, Лав, Стрелец, Водолија
Не патувајте со: Рак, Јарец
Овните во 2018 треба да ја искористат можноста да ги истражат Соединетите Американски Држави, бидејќи овде одлично ќе се вклопат со својата страст и позитивност.
Тие се авантуристи кои ќе шетаат по различни земји и патувањето овде за нив ќе биде неверојатно искуство.
Бик
Земја: Тајланд
Патувајте со: Рак, Девица, Јарец, Риби
Не патувајте со: Лав, Водолија
Тајланд е земја која се движи по рекреативна патека, а на опуштените Бикови ќе им биде идеална.
Луѓето таму се културни и пријателски настроени, а Биковите исто така се љубезни и иако понекогаш можеби „стиснати“, за среќа, и во оваа земја се патува со ограничен буџет.
Близнаци
Земја: Сингапур
Патувајте со: Овен, Лав, Вага, Водолија
Не патувајте со: Девица, Риби
Сингапур е идеална земја за интелектуалните Близнаци, бидејќи луѓето таму се смета за интелигентен, како и хумористичен, во што Близнаците ќе уживаат.
Историјата и културата, како и активностите и кујната, ќе бидат исто така предизвик за нив.
Рак
Земја: Италија
Патувајте со: Бик, Девица, Скорпија, Риби
Не патувајте со: Овен, Вага
Раковите се познати по нивната креативност, а Италија е земја измислена за нив, која е позната по уметноста и музиката. Ќе се сложуваат со локалците кои како нив, се емотивни, љубезни и пријателски настроени.
Лав
Земја: Австралија
Патувајте со: Овен, Близнаци, Вага, Стрелец
Не патувајте со: Бик, Скорпија
Австралијците се познати по нивната пријателска природа, а за Лавовите тоа е многу важно, бидејќи тие се со големо срце и голема лојалност.
Лавовите се познати и по енергичноста, а оваа земја има да им понуди многу активности каде ќе ја пренасочат нивната енергија – од водни спортови до џунгли.
Девица
Земја: Англија
Патувајте со: Бик, Рак, Скорпија, Јарец
Не патувајте со: Близнаци, Стрелец
Девиците се скромни луѓе на кои може секој да се потпре, што ги прави многу слични со традиционалните, културни Англичани.
Тие се вредни, интелигентни и аналитичари, а англиската историја ќе им овозможи многу фасцинантни искуства и забава.