Каде и со кого треба да патувате во 2018, според хороскопскиот знак?
Вага
Земја: Малдиви
Патувајте со: Близнаци, Лав, Стрелец, Водолија
Не патувајте со: Рак, Јарец
Вагите се романтичари и шармантни типови, а Малдивите се идеална локација за романтично бегство.
Тие сакаат да уживаат по цели денови на плажа под сонце, во хармонична атмосфера, па ова место ќе биде одлично за истражување на природата.
Скорпија
Земја: Данска
Патувајте со: Рак, Девица, Јарец, Риби
Не патувајте со: Лав, Водолија
Данците се познати по избегнување на површни работи, што ја прави Данска идеална за Скорпии кои се искрени и оригинални луѓе.
Како и Данците, и на Скорпиите им е потребно време да се отворат пред другите, но потоа важат за лојални и вистински пријатели. Скорпиите ќе уживаат во нивниот концепт на „чувствување и уживање во моментот“ со саканите.
Стрелец
Земја: Индија
Патувајте со: Овен, Лав, Вага, Водолија
Не патувајте со: Девица, Риби
Индијците често се опишуваат како вечни оптимисти, а Стрелците се познати по нивниот позитивен став кој одлично би се справил во оваа земја.
Филозофијата ќе им одговара на Стрелците кои се љубители на длабокото и интелектуално размислување и ќе уживаат во топлата и пријателска атмосфера, со доза на авантуризам.
Јарец
Земја: Кина
Патувајте со: Бик, Девица, Скорпија, Риби
Не патувајте со: Овен, Вага
Кина е позната по својата дисциплинирана култура, што е идеална за Јарците кои исто така имаат таква природа.
Кина е позната и по работливоста, што ќе биде инспирација за амбициозните Јарци да достигнат што повеќе во животот.
Водолија
Земја: Јапонија
Патувајте со: Овен, Близнаци, Вага, Стрелец
Не патувајте со: Бик, Скорпија
Уметноста, литературата и дизајнот се важни во Јапонија, а истото важи и за Водолиите. Јапонците се познати по пријателската природа која одлично одговара и на Водолиите.
Тие имаат отворен ум и доза на љубопитност, која ќе им помогне да истражат што повеќе уникатност и култура во оваа земја.
Риби
Земја: Еквадор
Патувајте со: Бик, Рак, Скорпија, Јарец
Не патувајте со: Близнаци, Стрелец
Рибите кои се познати по љубезноста, емпатијата и интуитивноста ќе се чувствуваат како дома во Еквадор.
Тие се познати и по бујната имагинација, па прекрасните пејзажи на Еквадор ќе ги остават воодушевени и ќе им претставуваат голема инспирација и мотив за истражување.
М. М. |Црнобело