Според месецот на раѓање: Каков тип на маж ѝ одговара на секоја жена?

Meсецот на раѓање го одредува карактерот на личноста. На секоја жена, пак, потребен ѝ e партнер кој ќе ја прифати таква каква што е, поттикнувајќи го најдоброто во неа. Па, со каков маж треба да бидете во врска?

spored-mesecot-na-ragjanje-kakov-tip-na-mazh-i-odgovara-na-sekoja-zhena-1.png

Зависно од месецот на раѓање, идеалниот партнер се разликува од жена до жена. Од јануари до декември, прочитајте кој тип на маж е најсоодветниот за љубовна врска на секоја од нив:

Јануари

За родените во првиот месец од годината, може да се каже дека се жени кои водат прилично брз начин на живот. А, нивниот идеалнен партнер мора да го следи истиот ритам. Ним спорите и слаби мажи никако не им одговараат, бидејќи ќе им пречат и забавуваат на патот до целта. Тие имаат многу работи што посакуваат да ги остварат во животот, поради што никако не би сакале врската со погрешен партнер да ги кочи во амбицијата.

Февруари

На жените родени во февруари, пак, потребен им е маж што ќе научи како да биде трпелив со нив. Свесни се и самите дека не е лесно да се биде со нив во врска, а истото им го предочуваат и другите луѓе. Па, идеалниот партнер мора да биде полн со разбирање, односно да не го иритира нивниот темперамент. Поточно, некој што би можел да се носи со тврдоглавоста и каприциозноста на својата втора половина.

spored-mesecot-na-ragjanje-kakov-tip-na-mazh-i-odgovara-na-sekoja-zhena-2.jpg

Март

Тие се жени кои се мошне нежни, грижливи, искрени и полни со љубов. За нив, речиси секогаш другите личности се на прво место. Поради тоа, на мартовските  жени им е потребен маж кој ќе води грижа за нив, исто како што тие се грижат за останатите луѓе. Премногу време и енергија трошат грижејќи се за туѓите судбини, па на идеалниот партнер, нивната добросостојба би требало да му биде на прво место.

Април

Во овој случај, се работи за премногу јаки и независни жени, кои се немилосрдни и мошне непопустливи. Воедно, тие се и сурово искрени, што неретко луѓето го доживуваат на погрешен начин. Заради тоа, потребен им е маж што добро ќе ги разбере и ќе го цени нивниот карактер. Ним им треба партнер кој ќе ги мотивира да бидат тоа што се. Некој што нема да се обидува да ги ограничи, потисне, или, пак, менува.

spored-mesecot-na-ragjanje-kakov-tip-na-mazh-i-odgovara-na-sekoja-zhena-3.jpg

Мај

Жените родени во мај живеат како на брза подвижна лента. Како постојано да скокаат од една работа на друга. Сакаат да се дружат и да бидат окружени со луѓе. Притоа, имаат тенденција да започнуваат по неколку проекти во исто време. Понекогаш, дури и многу повеќе одошто можат да реализираат. Ним им треба маж што е преполн со енергија, односно ќе може без проблем да се вклопи во нивното интензивно темпо.

Јуни

Кога е овој тип на жени во прашање, тие по некое непишано правило привлекуваат ткн. „скршени мажи“, односно партнери кои „треба да се поправаат“. А, токму тоа е причината зошто љубовните врски во минатото не им биле успешни. Ним им треба маж кој е стабилен, цврсто стои на земјата и знае што сака во животот. За промена, да си најдат партнер кому не му се потребни никакви „поправки“ за да функционира како здрав и позитивен човек.

spored-mesecot-na-ragjanje-kakov-tip-na-mazh-i-odgovara-na-sekoja-zhena-4.jpg

Останатите месеци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто) Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg