Колку часа сон му се потребни на секој хороскопски знак?
Мноштво научни истражувања потврдуваат дека квалитетниот сон е клучен за човековото здравје. Но, што вели астрологијата на оваа тема? Кои важат за најголеми спанковци помеѓу дванаесетте претставници на Зодијакот? Кому, пак, спиењето му е еднакво на џабе потрошено време?
Потребната количина на сон се разликува од човек до човек. А, ако може да им се верува на астролозите, истата е поинаква и за сите хороскопски знаци.
По колку часа поминуваат во кревет? Колку време му е сосема доволно на секој од нив - за да се наспие и одмори?
Во продолжение, прочитајте што велат ѕвездите по тоа прашање:
Овен
Седум часа би требало да бидат доволни.
Дните на презафатените Овни се секогаш динамични, па се чини дека тие имаат неисцрпна енергија. Не сакаат да ги забавуваат своите дејствија, ниту пак да губат време. Дури ни на спиење.
Сепак, седум часа им е оптималниот интервал за сон. Тамам да ги наполнат батериите за уште еден ден, исполнет со многу нови подвизи и дострели.
Бик
Добри осум и пол часа.
Стабилноста, луксузот и смиреноста царуваат во светот на Биковите. Tие се најсреќни кога ќе се најдат дома.
Долгиот ноќен сон, пак, на квалитетен кревет и уште подобра перница, за нив претставува висок приоритет.
Па, треба да ли насоберат енергија и за градинарство, готвење и прошетки во природа? Не исцрпува само работата!
Близнаци
Или шест, или девет часа. Нема средина.
Доследноста никогаш не им била одлика на Близнаците. Скокањето од една книга на друга, маратонското гледање серии, сурфањето на интернет до доцни часови, а и одењето на забави, целосно им го нарушува биоритамот.
Сепак, тие се максимално прилагодливи, па секогаш надоместуват во своја полза. Кога ќе почувствуваат дека им недостасува добар и квалитетен сон, тие ќе се исклучат од сè, па ќе си отспијат девет часа без прекин.
Рак
Девет и пол часа длабок сон.
Креветот претставува најомиленото место на светот за Раковите. Тие сакаат да бидат сами и да уживаат во сопствениот мир. Имаат и мали ноќни ритуали при подготовките за спиење.
Времето за кревет им е и време за книга, за водење дневник, но и за сè она што ги опушта и релаксира. Така се справуваат со мноштвото емоции и промени на расположението во текот на денот.
По ваквата рутина, тие конечно ја одмараат својата чувствителна душичка, тонејќи во долг и длабок сон.
Лав
Шест и пол часа.
За многумина се премалку и би биле исцрпени, но не и за Лавовите. Лесниот сон го компензираат со ведриот и игрив дух, па ним им се сосема доволни за да се чувствуваат освежени и да го зграпчат денот.
А, им даваат и повеќе време да се дружат, да излезат на забава, да вежбаат, како и да го прават сето она што го исполнува еден класичен ден во нивниот живот.
Девица
Точно седум часа и четириесет и седум минути.
Аналитичкиот и практичен ум на Девиците, пак, до наносекунда има разработено колку точно сон им е потребно за да се одморат, ама истовремено и да не претераат.
Не грижете се за нив. Овој перфекционистички знак си припрема совршен план како да остане здрав и остроумен.