Вистински дами: Кои се најсофистицираните жени во Зодијакот?
Тие се по природа елегантни, женствено се движат, делуваат зрело и прибрано, а дури и ако не ви се допаѓа нивната облека, мора да признаете дека имаат свој стил кој одлично им прилега.
Кога се припадничките на понежниот пол во прашање, постојат пет претставнички на Зодијакот, кои се издвојуваат со дамскиот изглед и манири.
Кои се тие? Според астролозите, најсофистицираните жени во Зодијакот се следните:
Јарец
Жените родени во знакот на Јарец умеат да делуваат сериозно и по малку досадно, ама се природно учтиви и фини, поради што луѓето не можат да им одолеат. Купуваат префинети парфеми и квалитетна гардероба, а никогаш не носат oблека што не им одговара на нивната градба. Убаво и смирено говорат, се движат елегантно, а дури и кога ќе опцујат, нема да приметите дека кажале нешто непримерно.
Стрелец
Со незаситната желба за патувања и нови искуства, овие авантуристки важат и за мошне софистицирани дами. Нив сѐ ги интересира и привлекува. За само неколку часа, тие ќе се одлучат да резервираат авионски билети и хотел во далечна дестинација, па гламурозно ќе се подготват за на аеродром, како некоја ретро дива од филмското платно.
Бик
Претставничките на овој ѕвезден знак имаат фантастичен и оригинален стил, па невозможно е да не ги забележите. Нивниот капут е поубав од вашиот, дури и ако е многу поевтин. Парфемот им е секогаш посебен. А, црвениот кармин феноменално им стои, сеедно дали се класични убавици, или, пак, не. Тие едноставно зрачат со софистицираност.
Скорпија
Згодните Скорпии претпочитаат да ја истакнат женственоста, а тоа одлично им оди од рака. Тие не мора да претеруваат или да носат длабоко деколте за другите да сфатат дека се заводливи – ним сексапилот им е во крвта. Се движат како манекенки на модна писта, а нивната шармантна насмевка ќе го стопи и најледеното срце.
Лав
Лавиците се енергични, ведри и толку посебни, што никогаш не ќе може да ги заборавите. Не ги интересираат трендовите, но ја обожуваат модата, па секогаш пронаоѓаат најневеројатни комбинации, мамејќи воздишки кај останатите луѓе. Воедно, тие се и самоуверени, силни и имаат убаво држење, па делуваат гламурозно и кога се во пижами.
М. А. | Црнобело