Хороскопските знаци на слава: Што прави секој од нив?

Сезоната на слави започна. Покрај вкусната храна и пијалаци на трпезата, за доброто расположение се сепак најзаслужни гостите на веселбата. Како се снаоѓа секој знак од Зодијакот во таа улога?

horoskopskite-znaci-na-slava-shto-pravi-sekoj-od-niv-1.jpg

Кога доаѓаат, како се однесуваат, на кои теми муабетат? Кој ќе ви помогне при подготовките, а кој да раскренете после вечерата? Кому му е побитно да се најаде, а кому постојано му е чашката во раце?

Во продолжение, прочитајте што прави секој хороскопски знак на слава:

Овните пристигнуваат први, а си заминуваат меѓу последните на славата. Tие ќе се понудат да ви помогнат ако нешто не сте стигнале да завршите, пред да почнат да доаѓаат останатите гости. Сепак, не очекувајте премногу од нив, бидејќи ќе мора да им кажете што каде стои, односно како и што сте испланирале да поставите, па на крајот ќе сфатите дека побрзо би завршиле сѐ самите.

По нив доаѓаат Биковите, кои на прославите се чувствуваат како дома. Сега веќе имате и помош околу сервирањето и принесувањето на храната. Тоа, секако, подразбира и дегустација на сѐ од приготвеното, пред воопшто и да стигне до гостите. Но, затоа навреме ќе знаете дали е нешто пресолено или преслатко, како и дали сте купиле добра ракија.

horoskopskite-znaci-na-slava-shto-pravi-sekoj-od-niv-2.jpg

Близнаците, пак, цел ден не можат да се одлучат дали на домаќинот да му донесат шише вино или виски, па на крајот набрзина го купуваат она што ќе успеат да го најдат во првата продавница. Веднаш до цвеќарата, каде купуваат и однапред направен букет, бидејќи веќе малку доцнат и немаат време за губење. Притоа, дури и во итање успеваат да одберат сосема пристоен пијалак и убаво цвеќе. А, во текот на вечерата, тие постигнуваат да јадат, пијат, кришум да одговараат на пораки и да муабетат со сите гости.

Раковите хедонистички бираат место близу до трпезата, така што ќе можат да ги следат и сите други случувања. Успеваат да пробаат од секој пијалак по малку, да ги вкусат омилените мезиња и да се поздрават со сите гости, додека Овните веќе се „под гас“ со третата чашка во рака. Не грижете се за нивниот апетит. Колку и да им се допаднат сармите и останатите солени специјалитети, тие ќе остават место и за секој сладок десерт што ќе го послужите на масата.

horoskopskite-znaci-na-slava-shto-pravi-sekoj-od-niv-3.jpg

Лавовите се најелоквентните гости на славата, иако им е тешко да ги надвикаат Овните. Пробуваат само малку од предјадењето, чувајќи се за својот фаворит меѓу главните јадења. Попатно, си потпивнуваат од омилениот пијалак, па и тие стануваат сѐ „повесели“ и побучни. Навидум се нервираат што телефонот постојано им вибрира, а потајно се среќни што се барани. Повеќепати демонстративно ќе прошетаат до претсобјето, па наглас ќе прашуваат „што е сега?!“.

На Девиците не им се провлекува ниту еден пропуст од домаќините. За ништо не замеруваат, но не можат ни да не ги забележат. Дегустираат од деликатесите, ги обиколуваат гостите со кои се познаваат,  потпрашувајќи ги за здравјето. А, кога Овните како по обичај нешто ќе потурат, бидејќи цело време пијат, педантните Девици се тука да помогнат. Тие знаат што е најдобро за вадење на секоја флека.

horoskopskite-znaci-na-slava-shto-pravi-sekoj-od-niv-4.jpg

Вагите доаѓаат во преден план, тогаш кога Лавовите ќе му се нафрлат на јадењето и уживаат во секој залак. Тие се држат до славските теми. Дали доаѓал поп, како на гостите им се допаднала пченицата, дали домаќинката сама ја месела погачата или е купечка...А, кога ќе сфатат дека претерале со љубопитноста или солењето памет, ќе се повлечат до кујната „по салфетки“. На масата, пак, не можат да се одлучат дали е подобро зготвено гравчето или сармичките, како ни дали повеќе се за бело или црвено вино.

Скорпиите пристигнуваат со веќе „кренато расположение“ и уште од врата прашуваат: „Што е ова луѓе?! Слава ли е или сахрана?“ Носат музика со себе на свој трошок, ама може да очекувате и самите да засвират или запеат, доколку на домаќинот му се наоѓа гитара или некаков друг инструмент по дома. Се разбира, тие се и задолжително во придружба на најзгодните девојки или најдобрите фраери на славата.

horoskopskite-znaci-na-slava-shto-pravi-sekoj-od-niv-5.jpg

Стрелците се идеален тип на гости. Доаѓаат да му укажат чест на домаќинот, а не заради јадењето, ниту колачите, а ни пијалаците. Кога расположението ќе излезе од контрола,  тие се тука да ја вратат рамнотежата. Секогаш ги кажуваат вистинските зборови и умеат со секого да најдат заедничка тема. Сите ги обожуваат и нивните шеги, кои подоцна и се прераскажуваат.

Јарците никогаш на слава не прават драма. Седат и јадат од сѐ по ред – не претеруваат со ништо и пијат умерено. Тие немаат забелешки, ниту приговори. Не се вплеткуваат ни во сечиј муабет. Повеќе слушаат, отколку што зборуваат. Но, кога ќе проговорат, на сите им мамат насмевка или воодушевување. На крајот, ќе останат и да им помогнат на домаќините околу садовите. Онака џентлменски, откако конечно ќе ги испратите и последните гости, тие ќе ги засукаат ракавите и рашират своите вредни раце над  мијалникот.

horoskopskite-znaci-na-slava-shto-pravi-sekoj-od-niv-6.jpg

Водолиите се присутни првенствено за забава. Повеќе пијат одошто јадат, а како што одминува вечерта, тоа сѐ повеќе и се приметува. Од сѐ ќе пробаат само по еден залак, но затоа ќе ги насоберат сите трачеви и озборувања. Сеедно дали ги познаваат луѓето, или, пак, можеби по првпат ги среќаваат на славата, тие ќе ги запаметат сите, бидејќи никогаш не се знае кога за нешто ќе бидат од корист. Како по правило, ним секогаш им се случува да се јават на телефон среде вечерата, бидејќи ништо не смеат да пропуштат.

На Рибите им е чорбата жешка, а салатата ладна, но немаат големи забелешки. Кога атмосферата ќе се загрее, тие се првите што ќе го слечат палтото. Дури кога сите конечно ќе се опуштат и амбинетот ќе стане фамилијарен, ним сѐ ќе им биде тамам, па можеби и ќе заборават дека ги стегаат чевлите. Рибите ќе најдат начин и дискретно да одговорат на неколку телефонски повици, бидејќи „што ако е нешто итно?!“.

horoskopskite-znaci-na-slava-shto-pravi-sekoj-od-niv-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg