Богати или сиромашни: Каков успех ви е запишан во ѕвездите?

Вага

Симпатичните Ваги не ги интересираат парите, славата и излежувањето по јахти. Најважно им е да пронајдат мир, да уживаат во животот и да имаат добри односи со семејството и пријателите. Тие се вредни и трудољубиви по природа, па ќе работат како би имале доволно пари за живот, но нема да трошат време и нерви на безбројни прекувремени часови во потрага по „нешто повеќе“.

bogati-ili-siromashni-kakov-uspeh-vi-e-zapishan-vo-dzvezdite-5.jpg

Скорпија

Скорпиите се ексцентрични аутсајдери кои воодушевуваат со својата страст – како во приватниот живот, така и во професијата. Голема е веројатноста дека тие ќе направат нешто посебно, иновативно и занимливо.  Го следат мозокот и срцето на патот до својот сон, а неретко ќе отпочнат работа со блиска личност, бидејќи се изразито лојални.

Стрелец

Овој знак има изобилство од енергија и одлични идеи, ама и една „маана“. Не може да ја смисли опцијата да биде врзан за ист партнер, исти работни задолженија, или, пак, исти продукти на подолго време. А, можеби и да се соочи со она од што најмногу се грози – досадата. Стрелците би можеле да се збогатат со професии кои подразбираат патувања или организација на настани, но никако со нешто кое треба со години да го градат.

bogati-ili-siromashni-kakov-uspeh-vi-e-zapishan-vo-dzvezdite-6.jpg

Јарец

Паметни и сталожени, Јарците никогаш нема да прават почетнички грешки во работата. За секој свој проект ќе припремат детален план и добро ќе размислат за сите аспекти кои би можеле да тргнат во крив правец. Ќе го истражат пазарот, ќе се погрижат за финансиите и ќе ги исклучат емоциите како би постигнале успех, што вообичаено и им поаѓа од рака.

Водолија

Водолиите имаат одлични шанси за успех, бидејќи се исклучителни визионери и идејни водачи. Никој не може да ги надмине во идеите, но нивниот по малку „хипи“ карактер, би можел да ги спречи на патот до големо богатство. Поради тоа, за нив би било  најдобро да пронајдат доверлив партнер кој се разбира во финансии и тактичко пливање со „крупните ѕверки“.

bogati-ili-siromashni-kakov-uspeh-vi-e-zapishan-vo-dzvezdite-7.jpg

Риби

Додека Рибите одлучат што сакаат, деловниот договор веќе е во рацете на некој друг. Тие се емотивни, смирени и имаат изразена интуиција, но понекогаш и претерано се потпираат на неа, барем кога станува збор за работата. Или имаат преголема, или, пак, премала доверба во другите луѓе. Еднаш немаат јасна визија, другпат не знаат како самите себе да се воодушеват. Престанете премногу да размислувате и фокусирајте се на работата.

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg