Љубовен хороскоп за ноември 2017: Овните имаат потреба од внимание, Стрелците ќе влезат во тајна врска

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2017-ovnite-imaat-potreba-od-vnimanie-strelcite-kje-vlezat-vo-tajna-vrska-02.jpg

Вага

Ако сте во врска, ќе се потрудите да најдете повеќе време и да му посветите внимание на партнерот. Јасно ви е дека односите стануваат ладни и дека нема доволно време за размена на искрени чувства.

Вашиот партнер е исто така свесен и ќе биде подготвен да соработува за да ги подобрите односите. Иако двајцата имате многу обврски, ќе ја прифатите моменталната ситуација и нема да се обвинувате еден со друг.

Потрудете се да не ја отежнувате ситуацијата за да не испровоцирате непотребни конфликти. Кон крајот на месецот ве очекуваат подобрувања.

Ако сте слободни, на почетокот на месецот ќе ви се допадне некоја личност која сте ја запознале преку друштвото или работните активности.

Прво ќе ви изгледа дека симпатијата е обострана, но колку и да сакате тешко ќе ви биде да успеете, бидејќи ќе наидете на препреки.

Можно е таа личност веќе да е во врска со некој друг и да не е задоволен од истата. Сепак, ќе ви даде до знаење дека има симпатии кон вас, иако нема да биде подготвена за тајна врска.

Скорпија

Ако сте во врска, овој месец ќе добиете повеќе внимание од партнерот. Ќе имате можност да направите за партнерот нешто што многу ќе му значи и за што ќе ви биде благодарен.

Тоа ќе ви даде до знаење дека е потребно да се посветите повеќе еден на друг и на заедничките активности.

Кон средината на месецот ќе внесете нешто ново во врската и ќе се зближите уште повеќе. Во втората половина на месецот ќе уживате во романтични моменти и ќе поминувате повеќе време заедно.

Ако сте слободни, на почетокот на месецот ќе биде склони кон заљубување. Ќе имате можност да бирате со кого да излезете бидејќи повеќе личности ќе бидат заинтересирани за вас.

Нема веднаш да бидете заинтересирани за почнување нови емотивни врски, но ќе ви годи вниманието кое ќе го добивате. При крајот на месецот ќе се појави некој кој ќе ви ги обземе целосно мислите и ќе ви го привлече вниманието.

Ќе имате можност да влезете во врска која ќе биде многу силна и исполнета со страст.

Стрелец

Ако сте во врска, овој месец ќе се приврзете повеќе за партнерот. Тоа нема да го доживеете како олеснување, бидејќи партнерот ќе изгледа доминантно во односот, па ќе наидете на несогласување.

Кон средината на месецот ве очекува најголем предизвик бидејќи ќе бидете склони кон нејасно гледање на вашата врска.

Дури во втората половина на ноември ќе соберете сила да донесете крајни одлуки во отворен разговор и да го подобрите односот. Во тоа ќе успеете на крајот на месецот. Потребно ви е трпение.

Ако сте слободни, можно е да влезете во тајна врска со личност за која ќе мислите дека е од вашите соништа. Ќе бидете заведени и склони да ја идеализирате љубовта, што на почетокот нема да ви пречи.

Подоцна, во другата половина на месецот ќе почнете пореално да ги согледувате недостатоците во вашата врска и ќе наидете на сериозни несогласувања.

Вашата разочараност ќе трае кратко и во другата половина на ноември ќе ви пријде личност на која ѝ се допаѓате, а симпатиите ќе бидат обострани.

Јарец

Ако сте во врска, потребно е да се приспособите на потребите на вашиот партнер. Во одреден период тој ќе има многу барања, што на вас ќе ви создаде притисок, но ќе успеете да го решите.

Ќе бидете подготвени за разговори кои ќе бидат целосно искрени и ќе уживате во потребите на саканата личност. Во втората половина на месецот, односот ќе ви се подобри и ќе имате повеќе интимни моменти, а можни се и заеднички патувања.

Ако сте слободни, ќе излегувате со пријателите повеќе од вообичаеното и преку некој познаник ќе запознаете личност која на прв поглед ќе ви се допадне, па ќе се дружите повеќе со тие луѓе.

Ќе откриете дека имате заеднички интереси и дека ви годи да разговарате на заеднички теми, а меѓу вас силно ќе се чувствува и страста. Вашата симпатија ќе сака авантура, а вие сте подготвени за сериозна врска.

Бидете трпеливи, уште е почеток.

Водолија

Ако сте во врска, во вас ќе се разбуди потребата за романтични моменти со саканата личност. Тоа ќе го изненади пријатно вашиот партнер бидејќи се навикнал да не го покажувате тој ваш скриен дел.

Во втората половина на месецот ќе се посветите на остварување на заедничките цели и ќе му предложувате заеднички излегувања и патувања. При крајот на месецот ќе се дружите повеќе со заедничките пријатели.

Ако сте слободни, ќе ви се зголемат симпатиите кон некоја личност и ќе преземете иницијатива да ѝ се приближите, а ќе успеете да привлечете внимание.

Ќе започнете разговор, но можно е набрзо да дознаете дека вашата симпатија не е слободна, но дека е тајно заљубена во вас. Ќе се гледате во тајност и ќе барате интимни места за средби исполнети со страст.

Риби

Ако сте во врска, ноември ќе ви донесе нестабилни односи со партнерот и ќе наидете на недоразбирања, а комуникацијата ќе ви биде отежната.

Избегнувајте тајни бидејќи само ќе ги влошите работите. Неопходно е да се приспособите на околностите.

Во втората половина на месецот ќе внесете повеќе динамика во врската и ќе имате добри идеи како да ја подобрите комуникацијата со партнерот. Ќе имате можност да одите на кратко заедничко патување каде ќе се посветите еден на друг.

Ако сте слободни, овој месец ќе биде најизразена вашата склоност да ги идеализирате личностите кои ви се допаѓаат, но за жал тоа нема да ви ја донесе очекуваната среќа. Напротив, може да доживеете разочарување.

Некој на кого му се допаѓате, но не е слободен, ќе ви предложи тајна врска, а најпаметно би било да не влегувате во таква авантура, бидејќи може да имате непријатно искуство.

Можни се кратки врски без обврски, а посериозните врски нема да можете да ги остварите овој месец.

 М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg