За секој хороскопски знак: Кога е вистинско време за брак?
Дваесеттите, триесеттите или четириесеттите – кои се идеалните години да застанете пред олтарот? Зодијакот го има одговорот.
Во најдобар случај, бракот е заедница која трае целиот животен век.
Затоа, потребно е да бидете внимателни, но и добро да размислите за одлуката, пред да ја крунисате љубовта со партнерот.
А, можеби ѕвездите, односно хороскопскиот знак во кој сте родени, ќе ви помогнат да откриете дали сте спремни да го кажете судбоносното ДА.
Под претпоставка дека ја пронашле својата сродна душа, вистинското време за брак на секој хороскопски знак е:
Овен
Овните се полни со ентузијазам и силна волја, и тешко некој може да ги запре. Мразат да чекаат, поради што често влетуваат во авантури, кои на краток или долг рок, не секогаш им чинат добро. Нивната лекомисленост доаѓа на површина со годините. Родените во овој знак најчесто стапуваат во брак од 30-тата година па нагоре.
Бик
За разлика од Овните, тие се многу поприземни. Биковите бараат сигурност и стабилност, а спремни се долго да го чекаат партнерот кој ќе ги исполни нивните очекувања. Како подлога за цврста врска, тие мора најпрво да ја пронајдат среќата во себе. А, кога тоа ќе се случи, ништо нема да им застане на патот до олтарот, при крајот на 20-тите години.
Близнаци
Близнаците се личности со изненадувачки променлив темперамент. Во еден момент се во среќна врска и сѐ им оди како што треба, а веќе во следниот се полни со сомнежи. Но, тоа ќе се промени со годините. Најдобро време за венчавка им е кога ќе почнат да го планираат 35-тиот роденден.
Рак
Родените во знакот на Рак бараат сигурност и се вистински експерти за врски. Брзо им го подаруваат своето срце на другите, а на својата љубов секогаш ѝ остануваат верни. Кон средината на 20-тите, тие веќе се подготвени да застанат на лудиот камен.
Лав
Лавовите се жешки љубовници, па тие ќе се „предадат“ подоцна од останатите. Најдоброто време за стапување во брак им е во 30-тите, или, пак, дури и во 40-тите години од животот.
Девица
Во животот на Девиците, буквално сѐ мора да тече според планираното. За нив, познато е дека мошне рано се мажат или женат. Сепак, подобро би им било малку да почекаат со бракот, при што идеалниот момент е некаде помеѓу 27 и 29 години.