Како реагираат хороскопските знаци кога се страшно налутени?
Луѓето реагираат различно на стресни и конфликтни ситуации. Некои од нив се подготвени во истиот момент да појдат во војна, други пак веднаш се подготвени да го кренат белото знаменце во знак на пораз.
Како вие реагирате во ситуација кога сте премногу налутени?
Пронајдете го вашиот хороскопски знак и откријте дали планетите и ѕвездите навистина го откриваат начинот на кој се справувате со лутината:
Скорпија, Лав и Бик
Ова супер моќно трио нема никаков проблем веднаш без заобиколување да ви каже колку се лути и што планираат да направат во врска со тоа. Веднаш се соочуваат со противникот, храбро и решително. Немаат никаков проблем тоа да го направат насамо или во јавност пред други луѓе.
Ним им е сеедно кој друг гледа или слуша, ќе се изназборат колку сте ги налутиле, а кога конечно ќе се изморат и ќе преминат на невербалната комуникација, нема да престанат да ве гледаат под око упатувајќи ви страшни, злобни и заканувачки погледи од кои ќе ви се превртува во стомакот.
Вага, Овен и Рак
Ако мислите дека Ракот не е доволно силен да влезе во физичка пресметка, се лажете. Раковите се понесени од емоциите, па кога се премногу налутени нема многу да размислуваат туку ќе појдат во физички напад, буквално. Немаат проблем некому да му удрат клоца или шлаканица.
Ова не доаѓа како некое изненадување за Вагата и Овенот. Вагата има изострено чувство за правда и е бунтовна. Ако е лута поради некоја неправда која ѝ е нанесена, ќе ве уништи.
Овенот е силен и моќен, не само ментално туку и физички. Нема да се двоуми ни минутка пред да влета во физичка пресметка.
Близнаци, Јарец и Водолија
Ги знаете луѓето кои упорно трпат, трпат и трпат додека не им прекипи лончето, а подоцна настанува ураган? Тогаш веројатно познавате некој во знакот на Близнаци, Водолија или Јарец.
За Близнаците ова е особено интересни бидејќи се прилично отворени, комуникативни и зборливи. Сепак, сметаат дека на луѓето треба да им се дадат повеќе шанси, а тие во меѓувреме ќе им го собираат додека не експлодираат во себе.
Јарецот од друга страна смета дека нема поента да се расправа со некој помалку паметен од него, па затоа премолчува, но исходот е сличен како кај другите два знаци.
Водолијата верува во љубов и мрази насилство. Голта „кнедли“ додека не ѝ прекисне, а тогаш се трансформира од весело хипи човече во гневно и бесно чудовиште, кое одвај ќе го препознаете.
Риби, Девица и Стрелец
Овие три знаци толку многу дозволуваат да им влијае стресот, што лутината резултира во силно плачење. Немаат проблем да заплачат и пред други луѓе. Едноставно не умеат да го контролираат стресот на поинаков начин.
Откако добро ќе се исплачат започнуваат да дебатираат кој е виновникот и како настанал проблемот. 10 пати ќе се запрашаат дали тие се виновни и како може да ја поправат ситуацијата. Пред сè останато, сакаат да пронајдат решение за проблемот.
Се обидуваат да ги одбегнуваат конфликтите по секоја цена. Некои знаци стануваат помоќни после кавгите, Рибите, Девиците и Стрелците дефинитивно се исцрпуваат, а енергијата им е сведена на најниското можно ниво.
(О)Милена | Црнобело