Според хороскопскиот знак: Со каква љубовница ќе ве изневери партнерот?
Вага
На овој хороскопски знак му треба „партнер за злосторство“. Затоа, најчесто вршат прељуба со жени кои исто така го изневеруваат својот партнер.
За Вагите мора секогаш да постои рамнотежа, па дури и во неверството.
Скорпија
Мозокот на Скорпиите е прилично едноставен кога станува збор за прељуба. Само сакаат неверојатен секс со личност со која не се во врска. „
Добрата“ вест е дека нема да ве изневерува со голем број на жени, туку само со една на која може да ѝ верува.
Стрелец
За разлика од Скорпиите, Стрелецот ќе се обиде да пронајде што поголем број на партнерки за неверство. А, кога еднаш ќе тргне, тој не застанува.
Јарец
Јарците се во вечна потрага по зрелост. Поради тоа, тој ќе помисли дека жената која е позрела, односно повозрасна од неговата моментална партнерка, претставува идеален избор за прељуба.
Водолија
Водолиите изневеруваат од романтични причини. Мислат дека ја пронашле својата сродна душа, па речиси и да не можете да му замерите на партнерот за прељубата. Ама, сепак можете...
Риби
Овој знак ќе ве изневери со девојката што е неговата женска верзија. Некоја што размислува како него, се однесува како него, а можеби дури и се облекува како него.
Бидејќи, кој подобро знае што нему му треба од тој самиот? Или, пак, жената која практично му е копија.
М. А. | Црнобело