Љубовен хороскоп за септември 2017: Близнаците ќе имаат проблеми заради трач, Јарците ќе запознаат помлада личност

ljuboven-horoskop-za-septemvri-2017-bliznacite-ke-imaat-problemi-zaradi-trac-jarcite-ke-zapoznaat-pomlada-licnost-02.jpg

Вага

На почетокот на месецот може да се појави личност од минатото и да се обиде да го обнови контактот со вас. Ви пречи кога не ја контролирате ситуацијата, а овој месец може да ви се случи токму тоа.

Тензијата на љубовен план конечно ќе попушти овој месец, а уживањето може да почне уште од 5-ти септември кога комуникацијата ќе биде извонредна.

Слободните Ваги може да очекуваат промени и познанства преку пријателски дружби, како и нераскинлива конекција со Стрелец, Водолија или Скорпија.

За зафатените најдобриот совет е да ги следат инстинктите и да не бараат постојано нешто ново.

Скорпија

Ви се чини како постојано да ја чекате вистинската личност и овој месец тоа ќе ве прави тажни. Кон крајот на месецот во животот ќе ви се појави повозрасна личност која ќе ви помогне и тоа не треба да го игнорирате.

Во септември ќе ви се случуваат крупни промени, меѓутоа нема да се радувате бидејќи не сте свесни што сакате. Конфликтот со сопствените емоции мора да го решите побрзо.

На зафатените Скорпии месецот им ветува помалку драми во нивните врски и бракови, како и одлични шанси за анализирање и продлабочување на односот.

Слободните пак, ќе запознаат страствен љубовник кон средината на месецот.

Стрелец

Ако имате посесивен партнер кој ви ја одзема слободата, во наредниот период треба да внимавате да не станете жртва.

Не се препорачливи врски и авантури со зафатени личности, бидејќи може некој да ви го следи секој чекор.

Зафатените Стрелци ќе бидат принудени да сокријат информации од партнерот за врската да опстане. Само така ќе им кажат збогум на турбуленциите.

Помеѓу 10 и 13-ти септември очекувајте љубовта да добие многу посериозна насока.

Слободните Стрелци ќе сакаат да се дружат со некоја Вага, атрактивен Лав или Јарец.

Јарец

Во септември ќе запознаете личност која е помлада од вас и ќе ви донесе подобро расположение и поголема самодоверба. Ќе имате сè или ништо став, бидејќи овој месец сте посебно емотивни.

За оние во долгогодишни партнерства се предвидува смиреност и позитивен нов почеток, а по 20-ти септември и возбудливи патувања.

На слободните Јарци ова ќе им биде идеалниот месец за вљубување. После 10-ти септември страстите и романтиката се на високо ниво, па може да привлече некој надвор вашите граници.

Ако се сомневате во верноста на партнерот, без оглед на статусот, веројатно сте во право.

Водолија

Септември е одличен месец да му свртите грб на минатото. Љубовта ќе процвета меѓу 4 и 8 септември, кога средбата со еден Рак или Лав ќе ви ги разбуди емоциите.

Зафатените Водолии ќе добиваат доволно внимание, и иако ќе ги мачат некои немири и тајни, ќе успеат да ја одржат хармонијата.

Можни се брачни понуди или понуди за заеднички живот.

Слободните Водолии ќе се препуштат на кармата, па на многу суптилен начин ќе го добијат она што го сакаат.

Ако го смирите темпераментот и ги покажете емоциите, очекувајте љубовна нирвана.

Риби

Ова е добар месец да ги послушате советите и зборовите на луѓето околу вас. Во септември може да бидете повредени од блиска личност, па ќе мора сами да се изборите со љубовното разочарување.

Бурните љубови може да се случат само со 3 знаци – Скорпија, Стрелец или Водолија. Не бидете површни во новите познанства.

Зафатените Риби ќе мора да надминат мала криза кон средината на месецот ако сакаат потоа да уживаат во хармонија.

Самите Риби пак, упорно ќе ги кријат симпатиите кон колега/колешка. Внимавајте да не изгубите вредна шанса.

М. Д. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Од што имате фобија според хороскопскиот знак (и како да се справите со неа)? Риби – Тие не се плашат да останат сами со своите мисли и имагинација, но смртно...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Хороскопски знаци на кои им треба време и многу лоши искуства за да сфатат каков партнер им треба Риби - Сакате да ја почувствувате искрата на љубовта, па иако ве боли да ги отфр...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg