Љубовен хороскоп за септември 2017: Близнаците ќе имаат проблеми заради трач, Јарците ќе запознаат помлада личност
Што ви носи септември на поле љубов? Дали летните авантури ќе прераснат во нешто сериозно или сепак ќе продолжите сами?
Септември е месецот кога се почнува одново, па затоа проверете како ќе ви тргне во љубовта:
Овен
Септември ќе ви донесе желба да ги официјализирате врските. Свесни сте дека не можете против судбината, но сте изморени од тоа да не знаете на што сте.
Слободните Овни ќе мораат да се препуштат на судбината, додека оние во врска или брак може да очекуваат остварување на желбите.
Машките припадници на овој знак може да најдат личност која сериозно ќе го промени нивниот начин на размислување, додека жените ги очекува средба со личност која долго ќе им се задржи во животот.
Бик
Биковите на почетокот и кон средината на месецот често ќе бидат замислени и тажни бидејќи личноста со која се гледаат не ги исполнува нивните очекувања. Ќе флертуваат, а потоа ќе се повлечат во себе.
Живеат во исчекување дека другата личност ќе ги исполни во целост. За среќа, кон крајот на месецот ќе се појави таква личност која ќе го подобри целосното расположение.
Машките Бикови ќе бидат посебно активни и ќе се впуштаат во повеќе врски истовремено, но нема да бидат уловени, додека жените може да очекуваат огромна поддршка од љубовните партнери.
Близнаци
Ќе имате проблеми со партнерот заради трач и ќе се обидете да го откриете до крај. Веројатно ненамерно ќе ја поминете границата на прифатливото, заради што може да го повредите партнерот.
Септември ќе биде и месец на многу средби, а за голем дел од слободните Близнаци и месец за почнување на нова врска со личност со која и деловно соработуваат.
Исто така септември е месецот во кој многу ќе флертувате, па заради тие сигнали многу луѓе може погрешно да ве разберат. Неопходно е малку повеќе да се воозбилите.
Рак
Ќе бидете премногу емотивни и нема да знаете да се изборите со емоциите. Затоа можни се кавги со партнерот.
Додека не се помирите сами со себе не би требало да носите било какви големи одлуки и чекори.
Помеѓу 7 и 13-ти септември обрнете внимание на луѓето кои имаат симпатии за вас, а го делите истото работно место. Лошата комуникација конечно ќе престане на самиот почеток на септември.
Без оглед на тоа дали сте во врска или сами, ова е месецот во кој мора сами да се договорите што сакате и што барате од љубовниот живот.
Лав
Главно, ништо нема да се промени во септември. И понатаму ве очекува страствен период, но и денови исполнети со тензии.
Некои Лавови ќе запловат во фатални љубовни врски преку социјални мрежи. Вага, Овен или Стрелец ќе ве извлечат од монотонијата и ќе ви ги разбудат пеперутките во стомакот.
Комуникацијата ви е олеснета, па во текот на овој месец треба да искажувате емоции преку зборови.
Самите Лавови ќе најдат љубов и утеха во човек со кој делат исти интелектуални и духовни интереси.
Девица
Овој месец, посебно од самиот почеток, ќе мора да бидете поприсутни за својот партнер. Ова важи и за оние кои подолго време се двоумат околу прекинот со партнерот.
Ако имате многу прашања кои се таложеле со месеци, но не сте можеле да најдете вистински момент да ги поставите, сега е месецот за разговор. Вистината е секогаш подобра од незнаењето, имајте го тоа на ум.
Зафатените Девици може да се посомневаат во верноста на партнерот, додека слободните Девици ќе ги следи позитивна енергија и може да им донесе забранета љубов. Преземете иницијатива во секој случај.