Како се однесуваат хороскопските знаци во соба која нема клима?
Што е најлошо нешто во лето? Кога е премногу жешко. А што е уште полошо? Кога сте во просторија без клима.
Неклиматизираната соба е одличен тест за секој од 12-те хороскопски знаци. Некој е трпелив, друг паѓа во кома, трет побеснува.
Зодијакот е сепак еден од најстарите системи на класификација на карактерните особини кај луѓето. Погледнете како секој од нив се однесува во „жешката соба“:
Овен:
Некој нека го отвори проклетиот прозорец веќе! Проклето нека е летото! И проклети да сте сите!
Бик:
Јас ќе си земам сладолед. Ти сакаш еден? Не сакаш, добро, повеќе за мене. Леле, овој е со бело чоколадо и лешници, мх мх.
Близнаци:
Брат, и јас сакам сладолед. Не е дека ќе го изедам цел, ама дај еден. Леле, како добро ќе оди една вотка со сладоледов... А цигара може да запалиме?
Рак:
Се надевам дека никој нема да забележи како плачам и сите ќе мислат дека се потам од жешкото. Добро, кои луѓе не ставаат клими во денешно време?
Лав:
Се потам?! Не ми се верува дека се потам... и тоа во најдобрата маица што ја имам. Ќе си ја упропастам. Ама види косата не ми мрднува бре, ни жешко, ни бутур. Косата ми е топ!
Девица:
Добро бре луѓе, смирете се, нема да умреме без клима. Кој умрел без клима, сте слушнале за некој таков?