Љубовен хороскоп за август 2017: Стрелците ќе ја најдат сродната душа, Лавовите не треба да почнуваат врска
Август дефинитивно е месец на Јарците, бидејќи периодот е во нивна љубовна корист. Но, што ги очекува останатите знаци?
Како ќе се одвиваат љубовните предизвици во август?
Овен
На Овните цел месец ќе им биде во знакот на уживање и љубовни задоволства, заради романтиката која ќе ја чувствуваат на почетокот на месецот.
Ќе имате потреба да го идеализирате односот со партнерот, заради што ќе дојде до поголеми одлуки кога се работи за врската, како на пример заедничко живеење или проширување на семејството.
Романтиката ќе им се насмевне и на сингл Овните, бидејќи ги очекува нова и интересна врска.
Важно е да не навлегувате во поблиски односи со луѓе кои сте ги запознале онлајн.
Бик
Август ќе биде мирен и поволен за љубов и кај оние кои се во врска и кај оние кои се сами.
Во втората декада може да дојде до несогласувања и мали проблеми, само затоа што една личност од страна или од семејството ќе ви се вмеша во врската.
Како и за сè, така и за тоа ќе најдете решение, само ви е потребно трпение и повеќе разбирање за да се вратите во стариот колосек.
Сингл Биковите треба да избегнуваат состаноци преку посредници.
Близнаци
Она што ве чека во наредниот период се мали разочарувања на почетокот на август, заради константната потреба од промена и случувања. Тоа нема да се случи и може малку да ве растажи.
Меѓутоа, нема простор за очај, бидејќи многу лесно ќе склопувате интересни познанства, што од забава, што од моментално задоволство.
Кај зафатените романтиката ќе го преземе водството и може да очекуваат само разбирање и хармонија.
Сингл Близнаците ги очекува лудо заљубување.
Рак
Жешкото лето ви буди жешки желби, па затоа летните денови во август треба да се препуштите на случајностите.
Ќе имате неверојатна моќ да ја привлечете личноста која сакате, што само дополнително ќе ви го разубави летото.
Раковите кои овој месец ќе ги завршат старите врски многу брзо ќе влезат во нова.
Зафатените пак, треба да се погрижат да го опсипат партнерот со внимание.
Лав
За Лавовите август не е добар месец за влегување во нова врска.
Најдобро е да се стрпите, бидејќи за краток период ќе се појават нови симпатии, и тоа преку близок пријател или преку работното место.
Слободните Лавови ги очекува страствена афера, за која нема да смеат да зборуваат јавно.
Зафатените Лавови не смее да ги запостават партнерите. Ова е одличен период за нови заеднички планови.
Девица
Клучот е во комуникацијата и разбирањето, а вашите способности на овие полиња во август ќе го достигнат врвот. Очекувајте многу почит од партнерот.
Зафатените Девици може да се препуштат на разгалувањето од партнерот и може да очекуваат романтичен период кој ќе ве смири и ќе ви го направи животот попријатен.
За сингл Девиците август ќе биде интересен бидејќи нема да им биде проблем сами да си најдат партнер за состанок и да иницираат средби.
Сепак, не очекувајте било која личност да ги исполни вашите очекувања и високи стандарди за долгорочно.