Со кој хороскопски знак имате најсилна хемија?
Кој хороскопски знак е добар, а кој лош во кревет, за вас? Овните уживаат во прегратките и бараат нежни партнери, додека Близнаците најдобро ќе се снајдат со Вагите.
Кои се трите знаци со кои вие имате непобедлива хемија?
Овен
Особини кои ги исполнуваат во кревет: спонтаност, доминација, страственост, брзина.
Жената ужива во прегратките и се препушта без размислување. Сака тотална доминација над партнерот. Интересно и е да експериментира.
Мажот е издржлив, но нема време за долга предигра, бидејќи тоа не го интересира. Сака сè што е забрането. Ако сакате да го задржите, ќе мора многу да се потрудите во креветот.
Иделни партнери: Лав, Стрелец, Водолија.
Бик
Особини кои ги исполнуваат во кревет: сензуалност, издржливост, едноличност.
Жената сака долга предигра. Секогаш е занесена, слободна и страствена. Знае да ја разгори фантазијата, а нејзината умешност доаѓа до израз со годините и искуството. Таа е буквално како вино.
Мажот никогаш не се откажува лесно. Сака класични пози, но и да задоволува туѓи желби. Пружа сигурност и уживање.
Идеални партнери: Скорпија, Јарец, Риби.
Близнаци
Особини кои ги исполнуваат во кревет: енергичност, љубопитност, незаинтересираност.
Жената е секогаш средена и магична. Не сака партнерот да ја ограничува. Сака да флертува и склопува пријателства. Го задржува младешкиот дух и мажите тешко ја забораваат. Секогаш сака да експериментира.
Мажот освојува со хуморот. Не очекува сериозна врска, ниту е подготвен за било какво врзување. Сака да доминира.
Идеални партнери: Лав, Вага, Водолија.
Рак
Особини кои ги исполнуваат во кревет: емотивност, сензуалност.
Жената е срамежлива. Потребно и е повеќе време да стекне доверба во партнерот. Нежна е и сака бакнежи. Не сака наметливи мажи.
Мажот е сентиментален и постојано сака да ја задоволи партнерката, дури и по цена да го жртвува своето задоволство.
Идеални партнери: Бик, Девица, Риби.
Лав
Особини кои ги исполнуваат во кревет: достоинственост, доминантност, вообразеност.
Жената сака да доминира и партнерот да има почит кон неа. Очекува мажот да и се воодушевува, бара страст и кралски третман, енергичност и уживање. Обожава да води љубов пред огледало и да го води темпото.
Мажот е лесен за освојување преку неколку комплименти. Сака да доминира, па затоа го возбудува кога жената во креветот ќе се согласи да биде потчинета.
Идеални партнери: Вага, Стрелец, Водолија.
Девица
Особини кои ги исполнуваат во кревет: опуштеност, таинственост.
Жената е ненаметлива и вешта. Не сака валкани секс игри. На почетокот мора да стекне доверба во партнерот за да се впушти во нешто интимно. Опуштена е само ако околу сè е уредно и чисто.
Мажот е нежен и обѕирен, но не се надевајте на романтика со него. Исто така, не сака вулгарност од партнерката.
Идеални партнери: Бик, Скорпија, Јарец.