Скорпијата ќе следи од лажен Фејсбук, Јарецот ќе шири гласини: Бизарните навики на хороскопските знаци по раскинувањето
По раскинување на врската кај многу луѓе честопати знае на површина да излезе некое бизарно однесување. Кршењето на срцето може да донесе до изненадувања во однесувањето дури и кај најпредвидливите луѓе.
Во какво бизарно однесување можете да се впуштите според карактеристиките на вашиот хороскопски знак?
Овен - Наеднаш почнува да ти се допаѓа цимерот на твојот бивши
Тешко е да се воочи дали Овенот е тажен или не после врска, но едно е сигурно, тие веднаш ќе продолжат во животот и ќе пронајдат нова личност. Тоа е едноставно во нивната природа. Но, која ќе биде таа нова личност е изненадувачкиот фактор. Ако наеднаш се привлечени од најдобриот/та пријател/ка на нивниот бивши партнер, тоа најверојатно значи дека нивните чувства се повредени. Тоа е така затоа што сакаат да ви нанесат болка со тоа што ќе се впуштат во романса со некој што ви е доволно близок.
Бик - Пишувате песни за да ги придобиете повторно, но не успевате
Нема ништо грациозно во обидот на Бикот да се справи со ненадејна промена. Тие едноставно тешко прифаќаат дека нешто е завршено и дека нивната сигурност е во ризик. Тие ќе ја изгубат целосно гордоста и ќе направат се да ја придобијат повторно изгубената љубов. Тие можат да станат многу креативни па дури и да напишат песна или да пеат серенади под прозор, но поради недостатокот на талент, овие обиди ќе изгледаат смешно.
Близнаци - Ќе пратите премногу пораки, но нема да добиете одговор
Близнаците тешко се справуваат со губење на личноста која ја сакаат. На нив им треба некој со кој ќе можат да разговараат по цел ден и да му ги раскажуваат деталите од денот. Тие дури и по раскинувањето ќе продолжат да праќаат пораки на нивниот бивши партнер, барем додека не најдат некој нов со кого би можеле да го прават истото.
Рак - Немој, чекај. Бремена сум! / Тешко болен сум!
Но, не си ни најмалку бремена. Емоциите преовладуваат целосно врз карактерот на Ракот по раскинување и можат да го натерат да направи работи за кои не ни мислел дека е способен. Така можат да одат и до тој екстрем да го излажат партнерот дека се болни од нешто или дека се бремени само за да го видат како ползи назад до нив. Кога ќе сфатат дека сепак не ја сакаат таа личност во нивниот живот, ќе плачат еден ден и потоа ќе продолжат со животот.
Лав - Ќе се одмаздите со тоа што ќе го давате бројот на вашиот бивш партнер на непознати
Има луѓе кои паѓаат во длабока депресија, а има и луѓе кои веднаш се фрлаат на одмазда. Лавовите ќе ги прават двете работи паралелно. Тие веднаш ќе ги пренасочат своите повредени чувства во одмазда. Можат да го дадат вашиот број на странци или да го стават на оглас за да ве збунат и да ве нервираат. Сакаат да го чувствувате нивното присуство дури и кога ги нема.
Девица - Ќе вршите услуги за семејството и блиските на вашиот бивш партнер
Девиците сакаат да се чувствуваат корисно, како во врска така и по завршувањето на истата. Кога врската нема да им успее, тие можат да стекнат навика да ги следат блиските на нивниот поранешен партнер и да им нудат услуги. Кога вашиот поранешен ќе се врати дома кај неговите и ќе ве види вас како пиете кафе со мајка му, воопшто нема да му е јасно.