Љубовен хороскоп за јуни 2017: Лавовите ќе брзаат да „рипнат во тавче“, Биковите ќе ја тестираат врската

Јуни е првиот летен месец, време кога се будат страстите, кога барем дел почнуваат со кратки романтични врски, а други се одлучуваат да ги зацврстат моменталните врски.

ljuboven-horosko-za-juni-2017-lavovite-kje-brzaat-da-ripnat-vo-tavce-bikovite-kje-ja-testiraat-vrskata-01.jpg

Па, каква љубовна сезона нè очекува овој јуни?

Еве што вели хороскопот:

Овен

Јуни за Овните е во знакот на љубовта. Без разлика на тоа дали сте во врска или не, нема да ја симнувате насмевката од лицето. Ако сте во долга и сериозна врска, овој месец може да биде одлучувачки за вас како пар, бидејќи ќе почнете да се концентрирате на сериозните прашања како брак и проширување на семејството. Не е како да не сте подготвени за тоа! Ако сте сами, поважен ќе ви биде личниот развој од љубовта. Ако одите некаде надвор од земјава, ве очекуваат многу љубовни авантури.

Бик

Овој месец вашата врска ќе биде на проба. Премногу ќе размислувате околу тоа дали оваа врска вреди да ја зачувате, дали навистина уживате со партнерот и дали навистина врската ве исполнува и прави среќни. Додека некои парови ќе „пукнат“ и секој ќе си замине на своја страна, некои ќе „преживеат“ и ќе тргнат на сигурен пат кон сериозна врска која ветува многу. Ако сте слободни, можно е да пронајдете љубов на сосема неочекувано место.

Близнаци

Овој месец ќе зрачите со посебна енергија. Сите очи ќе бидат вперени во вас, а вие ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Затоа, немојте да бидете изненадени ако „сите мажи се редат по вас“, бидејќи никој нема да ви одолее. Истото важи и за спротивниот пол. Ако сте сами, од толку многу додворувачи нема да знаете да го одберете оној вистинскиот. Ако сте во врска, ве очекуваат многу убави моменти со партнерот, а постои можност и да размислувате за одредени посериозни чекори.

Рак

Во текот на овој месец, време е да се релаксирате и препуштите на страстите и емоциите. Тоа дополнително ќе ја „зачини“ вашата врска, а сексуалниот живот ќе ви биде далеку поважен во овој период. Ги имате сите предиспозиции за уживање со партнерот, а тоа многу ќе ви годи после сите професионални обврски. Ако сте слободни, морате малку повеќе да се активирате на поле на љубовта. Само така ќе престанете да се жалите што немате среќа во љубовта.

Лав

Уживате во љубовта и тоа е евидентно. Сепак, ако сте во врска која е свежа, немојте да брзате со донесување на големи одлуки. Бракот, заедничкиот живот, проширувањето на семејството - сите овие работи подобро е да ги оставите за понатаму, без разлика на тоа дали сте во долга или кратка врска. Дозволите работите да се одвиваат по свој тек, природно, спонтано и без брзање. Ако сте сами, ќе бидете расположени за дружење, а активниот социјален живот ќе ви помогне да ја пронајдете љубовта на својот живот.

Девица

Ако сте слободни, овој месец сигурно ќе се заљубите. Прашање е на време кога некој ќе го освои вашето срце, па затоа, добро гледајте околу себе. Дури и да не е тоа за нешто сериозно, добро ќе се забавувате и ќе ви се врати самодовербата. Ако сте во врска, ве очекува благо заледување на односите. Сепак, ова е само привремено и најдобро е премногу да не се грижите, туку да се потрудите да најдете начин како да ги разгорите страстите меѓу вас и партнерот.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg