Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хороскопските знаци пишуваат пораки: Кој ќе ви пише „на пијано“, кој ќе ве остави на „Seen“?

kako-sekoj-horoskopski-znak-vraka-na-poraki-1_copy.jpg

Вага

На Вагата и треба соработка. Затоа овој знак ќе ви постави многу прашања додека си пишувате, како на пример: Што да облечам? Што ќе правиме? Каде ќе одиме? Со кого? И слично... Колку помалку прашања поставува Вагата, толку помалку и се допаѓате.

Скорпија

Знакот кој начесто може да ве остави на „Seen“. Тие сакаат да имаат контрола врз туѓите чувства, па затоа може да ја видат пораката и намерно многу време да не ви вратат, затоа што за нив сè е игра.

Стрелец

Стрелецот ќе ви прати слатка и смешна порака наутро за да ве развесели. Но, многу често знаат да претераат со некоја шега, што на крај дури и не е веќе смешно, туку едноставно станува здодевно.

Јарец

Јарецот секогаш чека вие да му пишете први. Тогаш разговорот може да тргне и да се одвива прекрасно. Тие се приземјени и враќаат брзо, но сепак преферираат разговор лице во лице.

Водолија

Водолијата најчесто ви враќа во форма на линкови од интернет. Тие имаат изгледано речиси сè на интернет и сакаат да споделат со вас. Ако прашате што правеле викендот, ќе ви испратат линк до местото каде биле или YouTube видеа што ги гледале.

Риби

Рибите дури и кога се трезни враќаат на пораки како да се пијани. Можат да ве прашаат дали сте будни среде ноќ, а кога ќе им одговорите дека сте будни, нема повторно да ви пишат. Нема ни да се сеќаваат на тоа следен пат кога ќе ги сретнете, затоа што за нив е совршено нормално да се толку деконцентрирани.

А. В. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Најинтимните тајни на сите хороскопски знаци кои ги кријат длабоко во себе Скорпиите можеби изгледаат како да се пресамоуверени, но длабоко во себе се преп...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Една причина зошто (не) треба да се омажите за него, според неговиот хороскопски знак Јарци - Негативна страна им е што знаат да бидат исклучително тврдоглави, ќе сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg