5 најдобри пријателства според хороскопот

Сте забележале ли како некои пријателства се толку синхронизирани што просто им завидувате (во позитивна смисла) на другарството? Немојте да мислите дека хороскопскиот знак нека никаква врска со тоа.

5-najdobri-prijatelstva-spored-horoskopot-01.jpg

Тука секако големо влијание има и подзнакот за кој се вели дека менува брзина и се вклучува „во прва“ после 30-тата година од животот.

Ова се петте најдобри пријателски комбинации според хороскопот. Дали сте во некоја од нив?

Овен и Стрелец

Ова е одлична пријателска комбинација. Стрелецот секогаш внесува пријатна атмосфера и го охрабрува Овенот да ужива во авантурите кои му се пружаат во животот. Овенот пак му ја дава на Стрелецот самодовербата која му е потребна да ѝ верува на интуицијата, но истовремено ја држи под контрола неговата импулсивна природа.

Кога овие два знаци разговараат нема ниту еден досаден момент. Тие знаат добро да се забавуваат и да бидат дел од возбудлива заедничка авантура.

Бик и Риби

Бикот ги држи мечтателните Риби цврсто на земјата и по потреба инјектира доза на поддршка, практични совети за помош кои имаат за цел да ги претворат соништата на Рибите во реалност. Бикот е одлично рамо за плачење кога Рибите се тажни и тој скоро никогаш не осудува.

Рибите пак, го поттикнуваат Бикот да фантазира и да сонува малку повеќе. Тие се трудат Бикот да ги прошири малку своите хоризонти и да види и други аспекти од секоја ситуација, освен практичните детали. Кога Бикот ќе се блокира поради својата екстремна практичност, Рибите му нудат свеж и поинаков пристап за решавање на проблемите.

Близнаци и Вага

Ова е едно пријатно дружељубиво пријателство кое одлично функционира на интелектуално и комуникативно ниво. Близнаците обожаваат да учат од искуствата на другите луѓе и истовремено да го споделуваат своето знаење. Вагата е секогаш расположена за разговор и малку неопасно озборување.

Вагата на некој начин ги омекнува Близнаците и ги подучува дека некогаш нивното однесување е прилично напорно за одредени луѓе. Близнаците пак доаѓаат на помош кога треба да се пресече и да се донесе некоја одлука, додека неодлучната Вага се двоуми и премислува.

Рак и Скорпија

Овие два знаци одлично другаруваат бидејќи обата преферираат помал, отколку шриок круг на пријатели. Нивното другарство е интензивно и блиско. Ракот ѝ помага на Скорпијата да настапува посмирено и пољубезно во одредени ситуации и убаво да ги разгледа сите можности пред да се впушти во одмаздувачка мисија.

Скорпијата за возврат е посветена, лојална и по малку заштитнички настроена кон Ракот и постојано го заштитува од суровата реалност.

Девица и Јарец

Ова е можеби лоша романтична комбинација, бидејќи Девицата премногу се грижи, а Јарецот е претерано тврдоглав. Но, пријателската комбинација е прилично солидна, бидејќи аналитичната Девица може да научи многу од искуствата на Јарецот.

Од Јарецот ќе научи дека може да работиш напорно и да постигнеш многу прекрасни нешта. Девицата од друга страна го советува Јарецот дека во животот нема потреба секоја пречка да ја прескокнуваш, некоја можеш и да ја одбегнеш или заобиколиш.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg