3 знаци кои никогаш нема да ве изневерат
Добро е да ги имате за пријатели, но и како љубовни партнери. Во свет како денешниов во кој владее суровост и злоба, имањето личност од доверба е бесценето.
Но, не секој хороскопски знак умее добро да чува тајни или да остане лојален покрај сé што се случува. Вие сте среќна личност доколку покрај себе имате:
Бик
Бикот сака комфорност, стабилност и е знак на кој секогаш може да се потпрете. Тој детално планира, одличен организатор е и секогаш гледа неколку чекори понапред од останатите.
Подготвен е да се справи со секој проблем со смирена глава како за своите, така и за проблемите на саканите. Исклучително верен и лојален, Бикот е едноставно знак кој знае да чува тајна и ретко му се испушта да „излае“ нешто непромислено.
Рак
Од сите 12 знаци во Зодијакот, Ракот е обвиен со најголема сигурност и скриена аура на љубов. Со саканите се поврзува длабоко и на емотивно ниво и нивната среќа е и негова среќа. Грижлив и искрен, Ракот ќе даде сé од себе за да ви помогне.
Чувствителни, лојални до гроб, вие сте рамо за плачење и секогаш подготвени за помош.
Девица
Сензитивната Девица е креативна и многу интуитивна кога станува збор за чувствата на другите луѓе. На Девиците не мора премногу да им се објаснува, тие лесно ги „читаат“ знаците кои ги оддаваат луѓето.
Токму затоа секогаш знаат кога им е потребна помош и кога се во неволја. Не ги осудуваат туѓите солзи и слабости и никогаш нема да ви противречат што повторно им досадувате со истиот проблем. Девиците се трпеливи и внимателни слушатели, па скоро секогаш ги имаат најдобрите совети.
(О)Милена | Црнобело