12 вистини со кои мора да се соочите ако сте заљубени во Скорпија

Скорпиите се сметаат за најсекси знак во Зодијакот и премногу се самоуверени да би ги негирале ваквите пофалби на своја сметка.

12-vistini-so-koi-mora-da-se-soocite-ako-ste-zaljubeni-vo-skorpija-1.jpg

Меѓутоа, колку и да се неверојатни, љубовта со нив не е секогаш лесна.

Ако одамна сте решиле да бидете животен сопатник на некоја Скорпија или планирате да се впуштите во романса со припадник на овој знак, немојте да кажете дека не сте биле предупредени:

1. Нема да најдете позгодни од Скорпиите

Не вреди да се противите, затоа што не можете. Ако налетате на овој знак, ќе бидете маѓепсани во истата секунда. И веројатно веќе знаете дека се одлични во кревет.

2. Скорпиите се секогаш доминантни и ги држат работите под контрола

Дури и ако не ви изгледа така, работите се така поставени од почетокот. Само го чекаат вистинскиот момент да ви покажат кој е главен.

3. Скорпиите секогаш победуваат

Немилосрдни се и затоа знаат да бидат манипулатори. Без оглед на тоа дали се работи за кавга од животно значење или смешна кладба, тие секогаш победуваат.

4. Вешто ја кријат својата приватност

Ако не сакаат да им ѕиркате на социјалните мрежи не е затоа што се неверни, туку едноставно не сакаат кога некој ги следи и им допира во нивниот свет. Подготвени се да ја заштитат својата приватност, дури и по цена да ве навредат.

5. Сепак, ја ценат само својата приватност

Скорпијата е природен детектив. Љубопитна е и сака да знае многу. Од неа ретко кога нешто останува скриено.

6. Поседуваат саркастична смисла за хумор

Единствената работа која може да ја насмее Скорпијата се лошите луѓе. Не ги осудувајте заради тоа. Би требало да ви биде мило што имаат ваква смисла за хумор, бидејќи кога во животот се случуваат лоши работи, тие се првите кои ќе ве насмеат.

12-vistini-so-koi-mora-da-se-soocite-ako-ste-zaljubeni-vo-skorpija-2.jpg

7. Знаете кога некој кажува дека не му е грижа што мислат другите?

Скорпиите живеат по тоа правило.

8. Брутално се искрени

Не ја прашувајте Скорпијата дали фустанот ви е претесен и какви сте биле во кревет, ако не можете да ја поднесете вистината.

9. Скорпиите знаат да бидат видовити

Понекогаш можат да ја предвидат иднината и знаат што ќе кажете уште пред да отворите уста. Ова може да им го препишете на способноста за набљудување и доброто памтење.

10. Лојални се

Ако им кажете дека некој ви направил нешто лошо, ќе посакаат да ве прегрнат, но истовремено и да ја уништат таа личност.

11. Дискретни се

Ако ви е потребна личност која ќе го држи јазикот зад заби, јавете се на некој кој е роден помеѓу крајот на октомври и третата недела на ноември. Не само што ќе го реши вашиот проблем, туку и ќе се воздржи од осудување, без оглед колку е чуден проблемот.

12. Поседуваат детектор на лаги

Скорпиите имаат неверојатно помнење и способност да дојдат до вистината во секој момент, така што ни на крај памет да не ви биде да ги лажете. Тоа само ќе ги налути, а нема да ви се допадне каде сè може да ги одведе лутината.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg