Каква тетоважа му одговара на вашиот хороскопски знак?
Мислите да ставите тетоважа, но сè уште не можете да одлучите што сакате да истетовирате? Тетоважата треба да ве претставува вас како личност, па за таа цел може да ви помогне вашиот хороскопски знак.
Погледнете каква тетоважа да ставите според хороскопскиот знак:
Овен
Нешто што потполно личи на вашата силна и енергична душа се стрелите. Имаат силна насока и траекторија, исто како вас. Подеднакво добар симбол за вас е и пчелата.
Бик
Вие сакате добар живот и не се чувствувате лошо кога се препуштате на фините работи во животот, како што е одморот. Затоа, палминото дрво е добар симбол за награда и ваше лично задоволство. Можете да ставите и тетоважа на вратот.
Близнаци
Вие сте подготвени да полетате во секој момент, па крилјата се одлична тетоважа за вас. По природа сте двојни, па можете да пробате и тетоважа со два различни стила или бела тетоважа.
Рак
Нежни по природа со изострено чувство за семејство и традиција, па можете да пробате тетоважи со сидро, срце биење, срце или име на некоја значајна личност. Селена Гомез е Рак и таа има истетовирано 1976 со римски цифри (годината кога е родена нејзината мајка).
Лав
На вашата одлучна природа совршено ѝ стојат тетоважите од круна или лав. Кара Делевињ, кралицата на Лавовите, има истетовирано лав.
Девица
Како личност која секогаш размислува и анализира, за вас добри се тетоважите кои се полни со детали или оние кои се со внимателно одбрани цитати.
Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...