12 најлоши љубовни парови според хороскопот
Вага и Девица
Девиците имаат обичај да се критички настроени кон Вагите, што ги прави Вагите несигурни во себе. Девиците воедно сакаат да се секогаш во право, што ги прави неподносливи додека ви лазат по нервите.
Скорпија и Овен
Зборовите кои најдобро ја опишуваат врската помеѓу овие два знаци се: експлозивна, интензивна и борбена, што ја прави прилично лоша комбинација. Двата знаци се самоуверени и имаат силна волја. Сакаат целосна контрола, секој сака да е на врвот, што резултира во пропаст.
Стрелец и Јарец
Овие два знаци немаат апсолутно никаква сексуална хемија. Стрелецот постојано ќе повторува една иста реченица: „Никогаш не ми дозволуваш да се забавувам“. Јарецот ќе сака да ги држи конците под контрола, а тоа е премногу за слободоумниот Стрелец.
Риби и Девица
Рибите се сонувачи и најемотивниот знак во Зодијакот, а Девиците се практични и приземјени. Да, спротивностите се привлекуваат, но во овој случај се оддалечуваат. Овие два знака може да бидат одлични долгогодишни пријатели, но не и љубовници.
Водолија и Бик
Овие два знаци не умеат да комуницираат, макар животот им зависел од тоа. Биковите ќе буткаат сè пред себе само за да ја докажат поентата, а Водолиите не сакаат да бидат дел од таква игра. Водолиите се неконвенционални и боеми, додека Биковите се материјалисти и конзервативни.
Близнаци и Рак
Оваа врска единствено може да преживее доколку и едниот и другиот имаат огромна смисла за хумор. Близнаците сакаат да одат на забави и да комуницираат со луѓето, а Ракот сака да ужива во домот, но доколку Близнаците покажат малку трпение кон Ракот и знаат да се смеат на сопствена сметка, врската може да успее. Оваа е можеби најмалку лошата комбинација од сите 12, но има предизвици кои треба да се надминат.
(О)Милена | Црнобело