Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


12 најлоши љубовни парови според хороскопот

12-najlosi-ljubovni-parovi-spored-horoskopot-1.jpg

Вага и Девица

Девиците имаат обичај да се критички настроени кон Вагите, што ги прави Вагите несигурни во себе. Девиците воедно сакаат да се секогаш во право, што ги прави неподносливи додека ви лазат по нервите.

Скорпија и Овен

Зборовите кои најдобро ја опишуваат врската помеѓу овие два знаци се: експлозивна, интензивна и борбена, што ја прави прилично лоша комбинација. Двата знаци се самоуверени и имаат силна волја. Сакаат целосна контрола, секој сака да е на врвот, што резултира во пропаст.

Стрелец и Јарец

Овие два знаци немаат апсолутно никаква сексуална хемија. Стрелецот постојано ќе повторува една иста реченица: „Никогаш не ми дозволуваш да се забавувам“. Јарецот ќе сака да ги држи конците под контрола, а тоа е премногу за слободоумниот Стрелец.

Риби и Девица

Рибите се сонувачи и најемотивниот знак во Зодијакот, а Девиците се практични и приземјени. Да, спротивностите се привлекуваат, но во овој случај се оддалечуваат. Овие два знака може да бидат одлични долгогодишни пријатели, но не и љубовници.

Водолија и Бик

Овие два знаци не умеат да комуницираат, макар животот им зависел од тоа. Биковите ќе буткаат сè пред себе само за да ја докажат поентата, а Водолиите не сакаат да бидат дел од таква игра. Водолиите се неконвенционални и боеми, додека Биковите се материјалисти и конзервативни.

Близнаци и Рак

Оваа врска единствено може да преживее доколку и едниот и другиот имаат огромна смисла за хумор. Близнаците сакаат да одат на забави и да комуницираат со луѓето, а Ракот сака да ужива во домот, но доколку Близнаците покажат малку трпение кон Ракот и знаат да се смеат на сопствена сметка, врската може да успее. Оваа е можеби најмалку лошата комбинација од сите 12, но има предизвици кои треба да се надминат.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Хороскопски знаци кои најверојатно ќе ја раскинат љубовната врска во 2025-та Бик - Кога се во сериозна врска, партнерот секогаш им е на прво место, но во 202...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg