12 најлоши љубовни парови според хороскопот
Сте биле ли некогаш во врска во која колку и да сте давале сè од себе, едноставно не функционирала?
Го сакавте вашиот партнер, но тој просто ве излудуваше?
По многубројните расправии и скршени емоции, конечно се разделивте во два различни правци.
Овие неуспеси астролозите ги припишуваат на хороскопската некомпатибилност меѓу знаците.
Некои љубовни катастрофи се запишани во ѕвездите, а ова се 12-те најлоши хороскопски комбинации:
Овен и Бик
Овните имаат силна волја, а Биковите се тврдоглави, и кога еднаш ќе ги вкрстат роговите, никој нема да попушти прв во таа битка. Бикот постојано ќе сака да знае каков е статусот на врската, а тоа го нервира Овенот. Кога е повеќе од јасно дека се приближува крајот на врската, Овенот посакува тивко да исчезне, додека Бикот ќе сака безброј објаснувања.
Бик и Стрелец
Биковите вообичаено преферираат тивки вечери дома, а Стрелецот сака да излегува и секогаш е подготвен за забава. Стрелците уживаат во ментални игри, за нив тоа претставува забава, во кое Бикот не наоѓа ниту најмала трошка задоволство. Стрелецот е навистина преголем залак за еден Бик. Стрелците обично имаат многу врски позади себе и не ги сфаќаат работите премногу сериозно.
Близнаци и Јарец
Дали го знаете рецептот за катастрофа? Тогаш земете еден хороскопски знак кој е познат по љубовта кон забавата и бескрајните разговори (Близнаци) и спојте го со знакот кој е вистински воркохолик и го има испланирано секој детаљ од својот живот (Јарец). Јарците не се љубители на спонтаноста, а тоа ќе ги изнервира Близнаците прилично брзо.
Рак и Водолија
Ракот е приврзан за домот, додека Водолијата има слободен дух. Ракот е исто така прилично независен и може да почувствува како Водолијата не му е потребна, но истовремено сака да му се признае дека партнерот му е целосно предаден. Ракот нема да е воопшто среќен кога Водолијата ќе ги истакнува грешките кои тој ги прави, а вистината е дека Раковите се прилично подложни на правење грешки.
Лав и Скорпија
Скорпијата нема да ви дава комплименти и да ви ласка, а Лавот е зависен од внимание, мислејќи дека е најшармантен, прекрасен и флертувачки настроен знак. Лавот никогаш нема да го добие вниманието и пофалбите кои смета дека ги заслужува, а Скорпијата има тенденција да стане прилично љубоморна на него.
Девица и Стрелец
Ниту еден од овие два знаци не сака да се обврзе во партнерството. Стрелците се прилично безгрижни според мислењето на Девицата и не размислуваат за своите постапки и последиците додека ги повредуваат луѓето. Стрелецот може да исчезне со недели, а Девицата нема да го трпи ова однесување.
Уште 6 парови на следната страна...