Девиците се грижливи, Вагите трпеливи: Каква мајка ќе бидете според хороскопскиот знак?

kakva-majka-kje-bidete-spored-horoskopskiot-znak-1.jpg

Вага

Доблести како мајка: Трпеливост, праведност, префинетост

Маани како мајка: Нестабилност, суета, снобизам

Начин на кој воспитувате: Вие сакате да „живеете во моментот“, целосно да се посветите на вашите деца и најсреќни ќе бидете во долгите часови кои ќе ги поминувате во тоа да им објасните на децата зошто небото е сино... Целите кон тоа да ги научите децата да се потпрат на вас, но и да трагаат по сопствената независност. Додека го правите тоа, мора да изгледате добро, односно, онака како што се грижите за вашиот изглед, така и вашите деца ќе мораат да бидат дотерани по ваш вкус.

Скорпија

Доблести како мајка: Сила, интуиција, волја

Маани како мајка: Контрола, параноја, опсесивност

Начин на кој воспитувате: Интересен микс од мајка која сака да контролира, но и да инспирира. Понекогаш, зависно од вашето расположение, ќе посакате децата целосно да зависат од вас, а понекогаш пак, со само еден „страшен поглед“ ќе посакате да им покажете што е лутина. Вие сте заштитнички настроени кон вашите деца, понекогаш премногу. Брзо се навикнувате на новата улога како мајка, а понекогаш станувате и зависни од истата. Она што најмногу го сакате е иднината на вашите деца да биде сигурна, да знаете дека сè им е обезбедено.

Стрелец

Доблести како мајка: Авантура, мудрост, хумор

Маани како мајка: Нетрпеливост, преголема спонтаност и недостаток на ограничувања

Начин на кој воспитувате: Вие сте најслободниот дух во Зодијакот, па такви ќе бидете и како родители. Ја цените вашата независност и живеете во моментот, најспонтаниот знак кој никогаш нема да ги дисциплинира своите деца. За вас улогата на мајка е голема промена, бидејќи ќе треба да научите како да живеете со уште една личност која зависи од вас. Ќе бидете мајка која знае да ги изненади своите деца со одлична забава или ненадејно патување, но кога ќе дојде време да поставите стандарди... Едноставно нема да сакате да ги ограничувате вашите деца.

Јарец

Доблести како мајка: Планирање, структура, традиционални вредности

Маани како мајка: Преголема грижа, сериозност, недоверба

Начин на кој воспитувате: Јарецот е „татко“ меѓу хороскопските знаци, па тоа ќе додаде интересен аспект во начинот на кој ќе ги воспитувате вашите деца. Од една страна ќе се обидете да ја покажете вашата нежна страна, но од друга страна ќе сакате да одржите авторитет и добра организираност по правила и стандарди во домот. Сакате да бидете блиски со вашите деца, но не сакате на вас да гледаат како на пријател - според вас, добро е да се знае кој е родител, а кој дете. Како што досега сте ги контролирате емоциите, така и сега ќе продолжите.

Водолија

Доблести како мајка: Младост, отворен ум, оригиналност

Маани како мајка: Драматичност, неорганизираност, недостаток на ограничувања

Начин на кој воспитувате: Интересен лик кој едноставно не може да се ограничи само на неколку карактеристики - такви се мајките Водолии. Вие сте топли и нежни, но истовремено и студени и мрачни. Сакате да поставите ограничувања на децата, но речиси никогаш не успевате да издржите до крај со правилата, бидејќи самите сте научени да ги рушите. На семејството никогаш нема да му биде здодевно со вас. Најголемо изненадување за вас ќе биде научите колку е моќна мајчинската љубов.

Риби

Доблести како мајка: Сочувство, фантазија, креативност

Маани како мајка: Манипулација, нестабилност, грижа на совест

Начин на кој воспитувате: Вие сте нежни и ја цените удобноста пред сè, па ќе сакате од вашето семејство и домот да направите една посебно место каде никој не смее да влезе, ниту излезе. Вие ќе бидете таа мајка која ќе ги поттикнува и другите мајки околу вас, секогаш добра и нежна со сопствените деца, но кога ќе треба да покажете со прст, тоа тешко ќе ви оди од рака. Токму затоа, потребен ќе ви биде партнер кој ќе биде строг и ќе може да ги контролира и казнува децата. Во вашите очи тие не можат да направат нешто погрешно, па понекогаш и премногу ќе ги разгалувате. 

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Каков ви е односот со вашата мајка, според нејзиниот хороскопски знак? Мајката родена во знакот Бик постојано ќе ви нуди вкусни оброци вам, но и на ваш...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg