Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Предодреден за успех: Хороскопски знак кој секогаш го следи моќ, пријателство и среќа

Се вели дека секој е кројач на сопствената среќа, но сепак и ѕвездите имаат големо влијание врз сето тоа. Познато е дека постои еден хороскопски знак кому сите врати му се отворени, треба само да знае како да го искористи тоа.

predodreden-za-uspeh-horoskopski-znak-sekogas-go-sledi-mokj-projatelstvo-i-uspeh-1.jpg

Овој знак е Стрелецот. Планетата која владее со овој знак е Јупитер – планетата на моќта, успехот и среќата. Овој знак, исто како и планетата владетел, е знак на среќа, веселба и егзотика. Секогаш подготвен за нова авантура со блескава насмевка на лицето. Нему му се отворени сите врати и ни една препрека на патот не може да го сопре.

Стрелецот е голем љубител на добрата храна, пијалаци и музика. Тој е вечен борец против неправдите, а пријателството претставува важен сегмент од неговиот живот. Неговиот млад дух е надополнет од убавиот надворешен изглед и спортската физичка градба.

Стрелецот има отмена природа која прилега на аристократ и оттаму произлегува неговиот интерес за поблагородни спортови како што е тенисот. Иако негува почит спрема традиционалните вредности, тој понекогаш знае да биде и бунтовник и не се води слепо по општоприфатените морални начела.

Соработката со други луѓе не му е баш најјака страна бидејќи знае да биде строг и комплициран. Понекогаш знае и да казнува ако неговите барања не се исполнети во целост. За овој хедонист по природа нема поголема казна од недостатокот на време и пари. Животните цели и желби на овој знак се навистина големи, но остварливи.

Меѓу претставниците на овој знак се музичките легенди како Френк Синатра и Тина Тарнер чиј постигнат успех сè уште трае и остава траги. Стрелецот силно верува во себе и своите способности, а добро познато е дека на тој што има силна верба сите врати му се отворени.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои во јуни 2024 ќе имаат големи можности за напредување во кариерата Напредувањето во кариерата не е секогаш лесно, но, според астрологијата, во теко...
Колку е интуитивен секој хороскопски знак? Бик: Интуитицијата на моменти може да го збуни Бикот. Припадниците на овој знак ...
Хороскопски знаци што со еден поглед ви го заробуваат срцето (Девицата ви продира во душата) Близнаци – Имате чувство дека во нивните очи може да се огледате. Близнаци – ...
4 хороскопски знаци кои е невозможно да ги излажете (и не простуваат лаги) Иако се тивки, Скорпиите постојано набљудуваат, па лесно можат да познаат кога н...
Хороскопски знаци кои премногу се грижат за туѓото мислење Кои два знака премногу се грижат за туѓото мислење и како им се одразува ова во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg