Попрво рака во оган, отколку да кажат „Те сакам“: 2 хороскопски знаци кои не покажуваат љубов
Не станува збор дека тие не знаат да сакаат, едноставно не знаат како да го покажат тоа. Ако живеете со овие знаци, ќе мора да се потрудите да го прочитате она што го кажуваат меѓу редови.
Тие изгледаат студени и нечувствителни, но тоа е само на прв поглед. Додека вие се нервирате, бидејќи им е тешко да кажат дури и „Те сакам“ можеби сè што треба да научите е да ги следите знаците со кои сето тоа ви го покажуваат.
Јарец
Студени и надмоќни, тоа е првиот впечаток за луѓето родени во овој хороскопски знак. Ако треба да ги опишат, луѓето го споредуваат со непробојна тврдина до која ништо не допира и не влијае.
Кога размислуваат за работите кои ги мачат меѓу своите четири ѕида, во состојба се да плачат и лелекаат цела ноќ.
Под услов да се сами во куќата, се разбира. Штом помислите дека сте го срушиле бедемот околу нив, сфаќате дека постои втор, па трет и така до недоглед.
Но, штом го сфатите тоа и решите дека е време да кренете раце и да се откажете, уривајќи ги нивните бедеми ќе сфатите дека тие сепак имаат чувства и тоа многу многу подлабоки од што сте мислеле.
Стравот од повредување е оној кој ги спречува да ги покажат чувствата па тие едноставно ги закопуваат длабоко во себе.
Попрво ќе стават рака во оган отколку да кажат некому дека го сакаат и се грижат за него. Сепак, нивнита заштита паѓа во вода штом некој ги пробие нивните ѕидови. А, за тоа ќе ви требаат нерви од челик и многу трпение.
Лав
Она со кое Лавот не може да се справи е суетата која го спречува да се отвори и да ја покаже својата ранливост пред друго лице, дури и ако тоа е некој кој го познава цел живот.
Никогаш не кажува ништо од што се срами, па секогаш ќе имате впечаток дека тој знае многу повеќе за вас отколку што знаете вие за него. Лесно му е да ве остави на цедило и тешко ќе ја прифати својата грешка.
„Извини“ е збор кој нема лесно, ако воопшто некогаш се пружи таква шанса, да го слушнете. Дури сфати дека греши, никогаш нема да го признае тоа – ниту себеси, а уште помалку на другите.
Во неговиот ум, тој е совршен. Полесно ќе му извадите заб отколку зборови со кои ќе изрази чувства.
М. С. | Црнобело