Кои се шесте најомразени хороскопски знаци (и со што ги туркаат луѓето од себе)?
Овните често не можат да си го контролираат бесот, па со тоа ги туркаат луѓето подалеку од себе.
Некои луѓе со своето однесување лесно создаваат непријатели. Ако се пребројат, ќе сфатат дека познаваат повеќе луѓе кои ги мразат, отколку што ги сакаат.
Кои се шесте најомразени хороскопски знаци? Дали сте и вие меѓу нив?
Близнаци
Близнаците се секогаш комбинација од два екстрема - горе и долу, лево и десно, позитивно и негативно. Со нив најчесто не знаете на што сте, бидејќи се непредвидливи.
Знаат да изреагираат бурно, па на моменти чувствувате дека мора да „газите како по јајца“ за да не ги налутите или навредите.
Не можете да се потпрете на повеќето од нив, бидејќи им е тешко да помогнат (или едноставно не сакаат да го направат тоа).
Поради својот двоен карактер, тие се најомразениот хороскопски знак.
Девица
Девиците се студени и најчесто се критички настроени кон сите. Ќе ве понижат, дури и пред други луѓе.
Тоа ќе го направат намерно, а притоа ќе чувствуваат задоволство. Што и да направите, тие ќе ве критикуваат.
Поради ваквото однесување, Девиците немаат многу пријатели и се меѓу најомразените хороскопски знаци.
Лав
Лавовите секогаш сакаат да доминираат, да се во центарот на вниманието, сè да се врти околу нив.
Кога некој им обрнува повеќе внимание на другите луѓе, тие почнуваат да се лутат, да негодуваат, па „контрираат“ и бараат причина да се скараат.
Во друштво честопати глумат, па кога околината ќе ги „прочита“, бега од нив. Сето ова ги прави едни од најомразените знаци во зодијакот.
Овен
Овните често не можат да си го контролираат бесот, па со тоа ги туркаат луѓето подалеку од себе.
Имаат преголема самодоверба, која често ги води во непријатна ситуација, бидејќи не сакаат да признаат дека грешат (иако се свесни за тоа).
Понекогаш се непредвидливи и нивните бурни реакции предизвикуваат негодување и одбивност кај околината.
Скорпија
Скорпиите се остри на јазик и често не размислуваат што ќе кажат или дали со кажаното ќе повредат некого.
Многупати токму тоа и им е намерата - да ги казнат луѓето околу себе ако сметаат дека нешто им згрешиле или за да покажат дека се над нив.
Но, ова надмено однесување по некое време почнува да им пречи на оние во нивната околина, поради што се повлекуваат и прекинуваат контакт со Скорпиите.
Вага
Повеќето Ваги имаат темна страна која пробуваат да ја скријат од околината, но тоа не го прават многу вешто.
Иако ги следи репутација дека се слатки и невини, под насмеаниот екстериер се крие личност која ќе „гази“ дури и по блиските за да го добие тоа што го сака.
А, кога оваа лоша карактеристика ќе излезе на површина, луѓето почнуваат да се дистанцираат од нив.
А. Ј. | Црнобело