Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со кого во врска, а со кого авантура? Овните одлично се согласуваат со Лавовите, а Скорпијата и Бикот „за една вечер“

Ѕвездите откриваат кој може да ви биде идеален партнер, а со кого со сигурност ќе имате луда и незаборавна ноќ или страсна авантура.

so-kogo-vo-vrska-a-so-kogo-avantura-ovnite-odlicno-se-soglasuvaat-so-lavovite-a-skorpijata-i-bikot-za-edna-vecer-01.jpg

Што велат ѕвездите: Кој хороскопски знак ви одговара за врска, а кој за луда авантура?

Овен

За врска: Одличен однос можете да остварите со Лавот, бидејќи сте емоционално компатибилни. Лавот ќе ве разбере и поддржува во сè, а водено ќе биде и одличен пријател и љубовник.

За авантура: Вагите се идеални ако сакате со некого да имате незаборавна авантура. Со овој знак покрај страста ќе почувствувате и неодолива сексуална привлечност.


Бик

За врска: Со Девицата можете да имате складен однос, бидејќи одлично се разбирате и имате слични сфаќања и ставови за многу работи.

За авантура: Со Скорпијата страстите никогаш нема да ви недостасуваат - штом ќе ви се сретнат погледите, желбата ќе биде обострана.


Близнаци

За врска: Вагата е вашиот идеален партнер со кој можете да делите буквално сè. Никогаш нема да ви биде здодевно, а вашиот однос ќе биде полн со разбирање и внимание.

За авантура: Стрелецот знае како да ја разбуди страста во вас, а друга страна нема да ве гуши и да ви создава притисок.


Рак

За врска: Со Скорпијата можете одлично да се согласувате, толку многу што ќе ви биде доволен само еден поглед за да се разберете.

За авантура: Јарецот може да ви го помати умот, а истовремено и да ви влее самодоверба и сигурност иако тоа не води никаде.


Лав

За врска: Со Стрелецот совршено се вклопувате. Ви одговара неговиот слободен дух, но и заштита која ви ја овозможува.

За авантура: Бурен и незаборавен однос можете да имате со Водолијата, бидејќи и двајцата сакате возбуда и добра забава.


Девица

За врска: Со Јарецот одлично се разбирате, си давате еден на друг сигурност, двајцата сте нежни и постојано си покажувате љубов.

За авантура: За некоја кратка авантура, Рибата е идеален партнер. Со неа ќе имате незаборавни моменти исполнети со страст.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На 29-ти јуни почна ретрограден Сатурн: Со какви проблеми ќе се соочи секој хороскопски знак? Близнаци, вашите емоции, вклучувајќи ги и негативните, ќе бидат поизразени и ќе ...
По една важна лекција што ќе му ја донесе ретроградниот Сатурн на секој хороскопски знак Ретроградниот Сатурн не ве кочи, туку ве учи дека не може сѐ да оди според плано...
Годишен хороскоп за 2025-та: Скорпија За Скорпиите, 2025-та ќе биде година на успеси во секој аспект. Ќе остварите бар...
Како се однесува секој хороскопски знак на празничните прослави? Вагите го фотографираат секој миг, а Биковите најмногу се фокусираат на храната....
3 хороскопски знаци кои мразат плажа За Јарците, секоја активност има своја цел, a лежење на плажа без цел еднос...
3 хороскопски знаци кои најверојатно ќе завршат во токсична врска (+зошто) Кои хороскопски знаци може да ги игнорираат знаците за црвена тревога само за да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg