Годишен хороскоп за 2016-та - Рак

Раковите ќе бидат оптимистични и полни со самодоверба во текот на 2016-та, што ќе им обезбеди успех на секое поле. Ако постои недоразбирање или проблем во кругот на семејството, сега конечно успешно ќе го смирите и решите.

godisen-horoskop-za-2016-ta-rak-01.jpg

Оваа година мора да бидете поенергични кога ќе се соочувате со професионални проблеми и не треба да се срамите кога ќе треба да го изразите своето мислење. Со реален поглед на нештата лесно ќе ги исполните зацртаните цели. Внатрешниот глас ќе ве води во текот на цела година. Искористете ги комуникативните способности за да ја добиете поддршката од другите.

Љубов

Раковите кои ќе влезат во нова врска околу средината на 2016-та, мора да бидат многу внимателни. Помеѓу март и јуни компатибилноста на партнерите кои се во врска ќе биде прилично лоша. Склони сте на менување на расположението и односот кон партнерот. Не очекувајте некој друг да ви ги реши проблемите во врската. Ќе ги надминете само со заеднички сили и договори, доколку има волја.


Кариера

Сè до октомври вашиот успех ќе зависи од соработката со колегите, партнерите и соработниците. Важно е да бидете прецизни и јасни кога ќе им објаснувате на другите што сакате да постигнете. Кон крајот на 2016-та конечно ќе бидете послободни во одлуките. Позицијата на планетите за среќа ќе ви потпомогне во зацртаните цели кои ги имате. Бидете благодарни и не форсирајте ништо.


Пари

Добро ќе заработувате на почетокот на 2016-та, но може и да претерате со трошење. Поставете граници и направете план за да не се доведете во ситуација каде повеќе ќе трошите отколку што заработувате. Патувањата од деловна природа ќе ви донесат заработка од повеќе страни, затоа не ги одбивајте. Избегнувајте го луксузот оваа година.


Здравје

Во текот на 2016-та година треба посебно внимание да му обрнете на здравјето. На почетокот од годината ќе бидете полни со енергија и ќе се впуштате во повеќе активности. Но, меѓу март и јули пазете се од повреди и болести. Пробајте да одморате во овој период за да го избегнете целосното исцрпување.


Семејство

Во 2016-та сите важни семејни проблеми и прашања ќе мора да ги решите со заеднички договор. Ништо не правете зад грб на другите членови.

godisen-horoskop-za-2016-ta-rak-02.jpg

Родените од 21-ви до 30-ти јуни

Оваа година, со помош на Сатурн, конечно ќе си го олесните животот. Ќе станете свесни за своите недостатоци. Со тоа откриете повеќе ќе работите на себе. Со промислено делување ќе ги надвладеете сите препреки кои ќе ви се најдат на патот. Ако не се одморате доволно, стресот ќе има големо влијание на вас, па тогаш успехот на секое поле ви е под знак прашалник. Јупитер ќе ви ја донесе потребната енергија за да направите промени во септември и октомври 2016-та.


Родените од 1-ви до 8-ми јули

Ќе бидете присилени да остварите драстични промени во својата личност. Ова е вистинска година за да ги отстраните сите препреки кон својот напредок и да формирате нови методи за поуспешен живот. Менувајте го она што морате и подобрете ги односите со блиските. Прекршете ги сите граници кои ве спречуваат слободно да мислите  и делувате.


Родените од 5-ти до 11-ти јули

Во 2016-та година ќе преовладуваат емоциите за другите и желбата да помогнете. Заради стресните околности ќе бидете склони на избегнување од разни ситуации и ескивирање од реалноста. Ако сакате да почувствувате внатрешен мир, посветете се на сопствениот дух. Единствено така ќе го промените вашиот поглед на светот и она што се случува околу вас. поголемата свест за себе ќе ви го промени и начинот на кој ги гледате другите.


Родените од 11-ти до 17-ти јули

Во текот на цела 2016-та година ќе имате многу енергија и сè што ќе започнете ќе заврши успешно. Очекувајте големи промени на личен и приватен план, а резултатот ќе биде формирање нови, силни и моќни врски. Вашата ментална сила ќе ви ги движи емоциите во правилна насока, па со оваа комбинација ќе постигнете фантастични резултати.


Родените од 18-ти до 22-ри јули

Во текот на 2016-та очекувајте одлични промени на личен план. Самиот почеток на годината, односно јануари и февруари се месеци во кои треба да бидете екстремно активни. Не го избегнувајте преземањето на одговорности, затоа што тие ќе ви помогнат да ви се наместат коцките. Посветете поголемо внимание на здравјето, кое може да го одржите со соодветен режим на исхрана.


Заклучок: 2016-та е одлична година за развој на секое поле, па затоа не се кочете на било кој начин.

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои ги очекува голема финансиска добивка во јануари Први на оваа листа се Близнаците. Родените во овој хороскопски знак конечно можа...
3 опасни хороскопски парови – моќни, но осудени на пропаст Јарец и Скорпија: Со нивната моќ можат да изградат империја и за еден миг да ја ...
6 хороскопски знаци кои не се толку злобни колку што изгледаат Овните понекогаш може да изгледаат застрашувачки. Тие кажуваат работи кои можеби...
Меркур е во ретроградна сенка: Што значи тоа и на што да внимавате? Знаевте ли дека негативното влијание на Меркур се чувствува две недели пред план...
6 хороскопски знаци на кои не треба да им се доверите (зашто не знаат да чуваат тајна) Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, па понекогаш намерно открива...
Пет работи што секој хороскопски знак ги сфаќа предоцна во животот, па потоа се кае За кои пет работи може да се каете подоцна во животот, ако не промените нешто ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg